Настани

„Девојката што ја наслика смртта“ - возбудлив трилер кој ги дестигматизира менталните болести

15.02.2024.
„Девојката што ја наслика смртта“ - возбудлив трилер кој ги дестигматизира менталните болести
„Девојката што ја наслика смртта“ - возбудлив трилер кој ги дестигматизира менталните болести

Вчеравечер, 14 февруари (среда), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ се одржа промоцијата на дебитантскиот роман на Андреа Мирческа, насловен како „Девојката што ја наслика смртта“. Настанот е дел од фестивалот „Денови на литературата“, чиј фокус годинава е на книги за возрасни од домашни автори.

За книгата „Девојката што ја наслика смртта“ зборуваше уредничката Татјана Димовска-Атанасова, која истакна дека ова е исклучително возбудлив и непредвидлив психолошки трилер со примеси на романса, мистерија и драма. Деветнаесетгодишната Јулија го напушта родниот Охрид и заминува на студии на Академијата за уметности во Загреб. Се вљубува во студентот на архитектура Адам, но на површина испливуваат мрачни тајни од нејзиното комплексното минато што силно ја разнишуваат нивната романса. Предавства, сексуално малтретирање, убиства, нарушено ментално здравје, загуби... се само дел од низата предизвици со кои се соочуваат таа и другите ликови во овој роман.

„Додека бев на факултет, за време на мојот стаж на Психијатрија, не ме интересираа само менталните болести на пациентите, туку кои се тие навистина, со и без нивната болест. Каков е нивниот живот и што ги прави тоа што се? Пред сè, сакав да дознам: дали може вистински да се сака личност со ментална болест? Сепак, на одделението за психијатрија беа хоспитализирани пациенти со сериозни ментални растројства, чија личност е расцепкана и треба да се состави. Главниот лик на мојот роман, Јулија, е токму таква личност, иако често не е свесна за тоа. Впрочем, главната идеја за книгата настана кога се обидов да си го одговорам прашањето: како би изгледала сродната душа на Јулија? Така настана Адам, а сè што следуваше е историја“, истакна за своето првенче авторката Андреа Мирческа.

Една од пораките што резонира при читањето на овој роман, а во контекст на менталното здравје, истакна Димовска-Атанасова, е фактот дека сите имаме лузни, болки, внатрешни демони, превирања... Ако нашето тело и нашата душа се сликарски платна, нечии бои се светли, нечии темни, но тоа не нè прави помалку вредни за сакање и прифаќање.

Андреа Мирческа е доктор со голема пасија за раскажување. Иако со заднина во медицината, нејзината љубов кон пишаниот збор е водечка сила во нејзиниот живот. Како ненаситен читател, таа црпи инспирација од различните светови и ликови кои се наоѓаат меѓу страниците на нејзините омилени книги. Кога не е задлабочена во медицината или во некоја добра книга, Андреа сака да патува. Нејзините авантури ја поттикнуваат нејзината креативност, обезбедувајќи свежи перспективи и искуства што често се влеваат во нејзиното пишување.

Романот „Девојката што ја наслика смртта“ е достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на линкот: https://www.literatura.mk/krimitriler/50083-devojkata-sto-ja-naslika-smrtta.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.71 MB