Настани

Промоција на „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“, весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното

05.02.2024.
Промоција на „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“,  весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното
Промоција на „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“,  весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното

Новата книга за возрасни на Владимир Лукаш „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“, ќе биде промовирана на 07.02 (среда) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“. Промоторка на романот ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

„Гени, мени, сени“ можеби не е роман каков што сме научиле да биде, но несомнено е роман каков што бара и раѓа нашето време. Фрагментарноста издигната на ниво на само една димензија од романескниот книжевен холограм, здружена со поетското и ликовното, со факциското и фикциското, ја овозможува жанровската преобразба на кусата проза (на микро план) во роман (на макро план). Ова е роман по мерка на новиот, љубопитен и отворен читател за флуидноста, и како авторска, но и како рецепциска стратегија, како можен поглед на светот, на зборот, на сликата, на бојата, на емоцијата, на мечтата трансформирана во нужност, на потребата трансформирана во стварност.

Како и секој холограм, и „Гени, мени, сени“, романескниот холограм на Владимир Лукаш, е тродимензионален и во буквална и во метафорична смисла. Во него има едночудо тројства: три поглавја; тријади од проза, поезија и цртежи; од фотографии, сеќавања и мечти; од слушам, гледам и додавам; од помнам, коригирам/конфабулирам и умножувам...

Поднасловот – Потеклото на бабите е мошне значаен. Не само затоа што е еден вид дескрипција на темата / на фокусот на романот, туку затоа што на него цврсто е потпрена приказната. Со тоа станува чудесно стабилен пред емоционалните налети и страшните животни ветришта на неколкуте главни ликови: Јас-раскажувачот, Таткото и Битната Жена скриена во родот (ТАА) како баба, како мајка, како љубовница, а најмногу од сè – како ЉУБОВ. 


Ова е весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното.

Владимир Лукаш (1978) е музичар, визуелен уметник и писател. „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите“ е негова десетта книга. Претходно ги има објавено: „Мамурлаци“, „Се гледаме наскоро. Е.“, „Дедлајна, љубов моја“ (за возрасни); „Микромонографија на отпадниците од светот на анимираниот филм“ (артбук), „Ши, Ѕифри, Копчи“, „Поклони се и почни“, „Пу за Мите, пу за сите“, „Суштествијада“ (за деца) и „Радишански прелудиуми“ (минијатури за пијано). Има илустрирано повеќе книги, реализирано многу групни и самостојни изложби, автор е и на неколку анимирани филмови.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во рамки на „Денови на литературата“ во Литература.мк која ќе се одржува во период од 06 до 20 февруари.
Книгата е во издание на Супрема и достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/43154-geni-meni-seni-potekloto-na-babite

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

14.
Mar.
Настани
Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ldqu...
13.
Mar.
Настани
По трет пат, најголемата онлајн-книжарница www.literatura.mk е прогласена за најдобра е-продавница во категоријата уметност, култура, настани и едукација на ...
21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.64 MB