Настани

Промовирано македонското издание на најпознатиот италијански прирачник за готвење

16.11.2023.
Промовирано македонското издание на најпознатиот италијански прирачник за готвење
Промовирано македонското издание на најпознатиот италијански прирачник за готвење

Во рамките на годинешното издание на Неделата на италијанската кујна, вчеравечер, 15 ноември, во книжарницата „Литература суперстор“ во „Скопје сити мол“, Амбасадата на Р. Италија и издавачката куќа „Арс Ламина“ го презентираа македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, објавен првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи.

На промоцијата, во присуство на многубројна публика од италијанисти, љубители на италијанската кујна, како и многу пријатели на италијанската култура, се обратија италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, Јована Караникиќ-Јосимовска – преведувач на делото и Надица Фирфова – уредник на македонското издание.

 

„Ѝ благодарам на ’Арс Ламина‘ што го организира овој настан, заедно со нас, како дел од Неделата на италијанската кујна низ светот, а оваа година во Скопје по осми пат. Вечерашниов настан е особено значаен затоа што не се зборува само за кујна туку и за други аспекти што ги промовираме, на пример италијанскиот јазик, преводот на италијански книги на македонски јазик и, генерално, за нашата култура“, истакна италијанскиот амбасадор Силвестри во своето обраќање.

„Има една метафора во италијанскиот јазик, па често ќе ги слушнеме Италијанците како велат: ’Es tato una passeggiata‘ (тоа беше прошетка – метафора за лесна работа), од тој аспект ова воопшто не беше прошетка, односно преводот на оваа книга не беше воопшто лесна работа. Од друга страна, беше навистина многу убава прошетка низ вкусови, низ традиции, низ просторот и низ времето, низ италијанските региони, низ нивната флора и фауна и не само на Италија. Артузи бил многу начитан и образуван човек и ни пренесува информации за сите растенија и животни кои се споменати во книгата и нѐ шета исто така и низ Индија, Кина, Бразил, Јужна Америка итн.“, додаде преведувачката на делото Караникиќ-Јосимовска.

Уредничката на македонското издание, Надица Фирфова, се осврна на содржинскиот аспект на делото, потенцирајќи дека, освен обемниот број рецепти (вкупно 790), кои можат да се користат како идеи за готвење и денес, авторот Артузи нуди и повеќе корисни совети за здравјето и начинот на исхрана, како еден вид потсетник и насоки за сите луѓе без оглед на просторот и времето кога живеат. Со тоа, може да се каже дека ова дело е совршена книга за сечиј дом и за секое семејство кое претпочита здрав начин на живот.

Присутните на настанот, освен уживањето во промоцијата на „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“, најчитаната книга за италијанската кујна, имаа можност и да вкусат закуски приготвени според рецептите од книгата од реномираниот готвач Филип Чаловски, како и да уживаат во италијански вина.

 

Модератор и водител на промоцијата беше познатата ТВ-водителка Александра Пановска Илиевска, која е добар познавач на вкусната и квалитетна кујна како долгогодишен водител на едно од најпознатите македонски кулинарски шоуа.

„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи е книга што се смета за нераскинлив дел од италијанската култура, а во која се содржани многубројни различни рецепти, вклучително и десерти, џемови, ликери, сладоледи итн. Во книгата има и специјален додаток со избор на јадења за оние што имаат послаб желудник, но и предлог-менија за секој месец во годината.

Освен заради изобилството рецепти, оваа книга е значајна затоа што на оригинален начин го отсликува духот на едно изминато време. Артузи на читателите им се обраќа на хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец, вметнувајќи духовити анегдоти кај повеќето рецепти и опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

Иако е поминато повеќе од еден век од првото појавување на оваа книга, таа и денес се преобјавува и се преведува на повеќе светски јазици, а преводот од италијански на македонски јазик е прв и во нашето соседство.

Македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ е достапно во поголемите книжарници, како и онлајн преку следниот линк: https://www.literatura.mk/gotvaci/33185-gotvenjeto-kako-nauka-i-umetnosta-na-ubavoto-jadenje

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
790 МКД
12,78 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.73 MB