Настани

Промоција и разговор со писателот Јанчар Драго во „Литература.мк“ во Скопје

11.09.2023.
Промоција и разговор со писателот Јанчар Драго во „Литература.мк“ во Скопје

Реномираниот и светски познат словенечки писател, Драго Јанчар, деновиве ќе гостува во Скопје во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“. За време на неговиот престој, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира промотивен разговор со Јанчар за романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик под импринтот „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот на двата романа од словенечки јазик го изработи Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија.

Разговорот со Драго Јанчар – што ќе се одржи на 18 септември (понеделник) со почеток во 19 ч., во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ – ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов.

„Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна; времиња што како Молох ги проголтувале не само луѓето со различни убедувања вклучени во историските случувања туку и оние што живееле на маргините на ваквите настани и кои не го разбирале во целост тоа што се случувало околу нив – едноставно, само сакале да живеат. Но, тогаш „само“ да се живее било илузија. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството.

Романот „Таа ноќ ја видов“ е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 година е прогласен за најдобар роман награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 година („Кресник на деценијата“).

И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017 година, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата.

По окупацијата на Југославија од страна на германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот.

Трите носечки лика во романот, Валентин, партизан и борец на отпорот, неговата девојка Соња и СС-офицерот Лудвиг, некогаш познат и како Лудек, се обидуваат – секој на свој начин – да ја одбранат нивната љубов од бесмислата на злото и пропаста на човековото достоинство. Војната ја нарушува нивната перцепција за себеси и за светот и неповратно ги уништува нивните животи.

Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.76 MB