Настани

Романот Капут од мов од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во Литература.мк

04.11.2022.
Романот Капут од мов од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во Литература.мк
Романот Капут од мов од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во Литература.мк

 

 

Новиот роман за деца и млади „Капут од мов“ од наградуваниот српски писател Стефан Тиќми ќе биде промовиран на 9 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. Промотори на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат уредничката Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски.

„Капут од мов“ е поетски роман за созревањето, за осаменоста, за уметноста, за љубовта и за природата како лек против најразличните проблеми на современиот човек заглавен во односите со другите, но и со себеси. Во него има и магичен реализам и епска фантастика и бајковитост, но најмногу од сè го има разгранетиот талент на Тиќми.

Авторот на популарниот и сакан роман „Јас сум Акико“, добитник на наградата на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца напишана на српски јазик во 2018 година, во „Капут од мов“ ја извишува крошната на својот талент, така што и небото и шумата на книжевноста му прават сè поголемо место. Приказната за Најден, кому на грбот му расте дрво, е приказна за сите наши тежини и товари, но и лирско трасирање на патот по кој треба да заминеме или да се вратиме кон суштината. Топла, креативна, мајсторски засадена приказна никната како чудесен роман. И за деца и за возрасни.

Стефан Митиќ-Тиќми е роден во 1992 година во Лесковац, Србија. Дипломирал на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Ниш. Се занимава со производство на јаглен и производство на текстови (за деца и за возрасни, за театар, телевизија, видеоигри...). Тој е еден од најпрепознатливите нови автори во српската книжевност за деца и млади. Негови најзначајни дела се: „Ме фатија кукли“ (Арте, 2015), „РизиКво“ (друштвена игра, 2017), „Јас сум Акико“ (Лагуна, 2018), „Детска белградска пролет“ (сценарио, РТС, ДКЦБ, 2019), „Капут од мов“ (Лагуна, 2020), „Тука, на дофат на маката“ (Повеља, 2020) и „Џем на облак“ (краток поетски филм, 2021).

Романите „Капут од мов“ и „Јас сум Акико“ се класифицирани меѓу најдобрите 200 детски книги на светот во изборот на списанието „Вајт рејвенс“ (White Ravens), што го издава Минхенската библиотека (Internationale Jugenbibliothek). Добитник е на Октомвриската награда на град Лесковац – за исклучителен придонес кон културата, афирмација на детската литература и општественото ангажирање.

Според книгата „Јас сум Акико“, која е наградена и со наградата на „Политикин забавник“ и со плакетата „Детска книга на годината“ на Меѓународниот фестивал „Плоштад од книги“ во Херцег Нови, наскоро во Скопје премиерно ќе биде одиграна претстава во продукција на независниот македонски театар „Провокација“.

Книгите од Стефан Тиќми се достапни во книжарниците на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14941

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB