Настани

Џон Илија Апелгрен: Книгата Забранети луѓе се солидаризира со музичарите кои беа забранети за време на пандемијата

23.06.2022.
Џон Илија Апелгрен: Книгата Забранети луѓе се солидаризира со музичарите кои беа забранети за време на пандемијата
Џон Илија Апелгрен: Книгата Забранети луѓе се солидаризира со музичарите кои беа забранети за време на пандемијата

 

Со музички настап во живо, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (22 јуни), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен ја промовираше својата прва книга „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19.

– Оваа книга е пишан документ што претставува едноставен, но прецизен одговор на она што ни се случи и како се справувавме со оваа криза како поединци и како општество. Свесни сме дека имавме пандемија и дека застана цел свет. Но, исто така, сме свесни дека некои држави беа спремни да обезбедат егзистенција на оние на кои им забранија да работат во одреден период... Во период на присилно мирување, претпоставувам дека секој креативен ум бара начин да ја канализира креативната енергија што извира од него. Во ситуација кога начинот на којшто уметникот тоа вообичаено го прави е невозможна, умот се отвора. Освен оваа книга, развивам идеи за два телевизиски и три музички проекти, како и идеја за долгометражен филм – изјави Апелгрен, кој на промоцијата одржа настап со џез-пијанистот Гордан Спасовски.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал), како и самиот Апелгрен.

– Идејата беше со портрети да опфатам не само џез-музичари туку и колеги кои негуваат рок, поп, блуз и други стилови на музика. Важно ми беше да бидеме застапени сите, а низ нашите биографии публиката да се запознае со нас, непосредно. Преку нашите одговори на поставените прашања, пак, сакавме да дадеме краток увид во нашата состојба тогаш и на нашите надежи кон иднината. Снимањето се одвиваше во студиото на Гоце Стевковски... Читајќи ги одговорите на сите музичари вклучени во книгата сфаќам дека сите ние сме со музиката затоа што некаква мистериозна желба ни тече низ вените за да се изразуваме музички, а поголемиот дел од нас на иднината гледаат со претпазлив ентузијазам. Кризата нѐ погоди сите до еден, некои од нас сосем се предадоа на активизам за промена на статус кво ситуацијата што ни тежеше, други се снаоѓаа и привремено работеа тоа што можеа, трети ја напуштија музиката – рече авторот.

Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

– Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиот фотоапарат „Пентакс асахи“, во 1989 година... Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на „забранетите“, а фотографијата ми се виде како најсоодветна за „заробување“ на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овој начин – објаснува тој.

Предговорите ги напишаа еминетните музички новинари м-р Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и познатиот фотограф Драги Неделчевски.

Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе.

– Пандемијата донесе и големи материјални загуби, финансиска нестабилност и остави многумина без работа. Меѓу нив беа и музичарите чијашто главен извор на средства се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои, како што добро паметиме, беа забранети за време на карантините и мерките за заштита од Ковид-19. Токму нивните приказни се дел од книгата „Забранети луѓе“. Овој проект не е само книжевен документарец за состојбата на една фела, таа е сведоштво за кризата низ која помина (и сѐ уште поминува) целокупната културно-уметничка сцена. Сите ние бевме принудени да се снаоѓаме и да ги менуваме начините на кој ќе функционираме, создаваме и ќе дојдеме до својата публика. Се покажа дека културата, книгите, музиката, театарот, филмовите... беа лек во задржување на здравиот и нормален ум, во тие не толку нормални времиња... Објавувањето на книгата има солидарна страна. Таа нема само репортерска мисија – да раскаже како било, туку таа носи и порака за тоа како треба во иднина да се движат нештата, дека со меѓусебна поддршка и солидарност ќе да одржиме уметноста (односно нашата духовна храна) – изјави Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“.

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
19.
Oct.
Настани
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ld...
14.
Oct.
Настани
Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, н...
09.
Oct.
Настани
Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое ...
07.
Sep.
Настани
Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот,  во „Литература.мк&...
07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.91 MB