Настани

Музичка промоција на книгата Забранети луѓе од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

15.06.2022.
Музичка промоција на книгата Забранети луѓе од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен
Музичка промоција на книгата Забранети луѓе од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски.

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и Џон Илија Апелгрен (вокал).

Тие се претставени преку нивни мини-биографии и интервју со три (за сите исти) прашања: зошто ја избрале музиката како професија; како ја доживуваат/преживуваат забраната за настапи во живо поради ковид-пандемијата и дали ги плаши иднината по ковидот на музички план? Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Предговорите ги напишаа еминетните музички новинари м-р Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и познатиот фотограф Драги Неделчевски.

Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе.

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.93 MB