Топ листа

Кои изданија за деца и млади беа најбарани во Литература.мк минатиот месец?

27.12.2021.
Кои изданија за деца и млади беа најбарани во Литература.мк минатиот месец?

Интерактивните вежбанки за најмладите, „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“, неколку месеци по ред се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“. Минатиот месец имаше голем интерес и за новото продолжение од серијалот на Хариет Мункастер, за малата вампир-самовила: „Исидора Мун оди на свадба“, како и за серијалот „Умствени вежби, гениј“ и новите изданија од едицијата „Учиме со Софија“. Многу беше барана и стихозбирката „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш, со илустрации од Наталија Лукомска.

Високо на листата за најкупувани книги се и изданијата за млади: „Јас сум Миа“ и „Миа во Амстердам“ од Јана Мишо, „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг, како и книгите од возбудливите серијали: ТКЦП, „Агата Одли“ и „Мачки детективи“. Во продолжение е топ 10 листата со најбарани книги за деца и млади во ноември во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн, преку www.literatura.mk.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

„Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се дел од новата едиција со интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: Почетно пишување на разни видови линии; Слободно пишување линии; Развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. „Исидора Мун оди на свадба“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на свадба“ Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ѝ и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкан. Може ли Исидора да се погрижи да има среќен крај?…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14729

3. „Јас сум Миа“ и „Миа во Амстердам“ од Јана Мишо

Книгите од серијалот за млади „Јас сум Миа“ од популарната домашна авторка Јана Мишо се eдни од најчитаните оваа година. Станува збор за „Јас сум Миа“ и „Миа во Амстердам“. Приказната за Миа почна со колумните на Јана Мишо објавени на hashtag.mk, а продолжи со првиот роман „Јас сум Миа“ и секојдневно расте преку социјалните мрежи и во комуникацијата со обожавателите. Почна како интернет-сензација со епизоди, а се развива во комплетно книжевно дело. Приказната се движи околу тинејџерката Миа, чијашто симпатија е Стефан. Но, Стефан има девојка! И не можете ни да замислите каков проблем е тоа. Поточно, тоа ти е најголем проблем, додека некој тајно не те сними како правиш беља… И не го покаже тоа на интернет. Фино е да бидеш популарна онлајн, ама дали е фино секаде да те препознаваат и да знаат што си направила? И тинејџерски проблеми и другарки и другари и љубов и… мала мистерија...

Во „Миа во Амстердам“ младата и храбра Миа заминува на две недели во Амстердам. Ова не е приказна за градот, туку за предизвиците низ кои поминува главната протагонистка. Ова не е љубовен роман, туку книга за девојче кое се сознава себеси и расте низ пречките со кои се соочува. Во овој дел Миа се соочува со еден сериозен проблем, кој таа го решава сама, без притоа да го чека принцот на белиот коњ. Во делото се вклучени и фотоприкази од СМС-пораки и пораки на „Инстаграм“ со цел да се доближи содржината до младата публика и начинот на кој таа комуницира.

Книгата „Јас сум Миа“ е достапна на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13508

„Миа во Амстердам“ е достапна на линкот:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14406

4. Серијал „Умствени вежби, гениј“

Интерактивниот книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко го сочинуваат четирите книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра. „Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња. Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња. Преку „Размислувај како Леонардо да Винчи“ ќе дознаете како да го вежбате вашиот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот генијалец на сите времиња. Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

5. „Учиме математика со Софија: Броеви до 10“

Броевите и операциите со нив се дел од твоите секојдневни активности. Па, така, и оваа вежбанка од серијалот „Учиме со Софија“ е полна со лавиринти, боенки и решаванки со кои децата ќе учат и ќе се забавуваат. Преку оваа вежбанка децата ќе научат да бројат, да пишуваат, да собираат и да одземаат до 10, како и да одредуваат повеќе или помалку, да бојат, да поврзуваат и да решаваат загатки.

Изданието е достапно на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14744

6. „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш и Наталија Лукомска

„Ши, ѕифри, копчи“ е збирка поезија за деца со многу интересна структура. Замислена е како „пеење“ на мечокот Гриз Ли, кој, онеобичувајќи го светот околу себе, нѐ води низ еден ден – од неговиот почеток до крајот; од будењето до заспивањето. Гриз Ли измислува зборови, наутро вели ШИ (наместо добро утро), напладне ЅИФРИ (наместо добар ден) и навечер КОПЧИ (наместо добро вечер). Измислувањето нови, непознати зборови за стари, познати нешта ја поттикнува креативноста на децата и нивната јазична слобода. Секој од зборовите на Гриз Ли, лирскиот херој на оваа книга, претставува одделен циклус со еднаков број страници. Утринските или ШИ-песните се најкуси, сонливи; пладневните ЅИФРИ-песни се подолги, со ококорени очи; и најдолги се КОПЧИ-вечерните песни кои завршуваат со миење заби, како и секој детски ден. Гриз Ли има необични пријатели со обични имиња; ама и обратно – обични пријатели со необични имиња. Сите тие се бркаат низ стиховите и римите играјќи си со јазикот, со своите палавости или со мечтите да пораснат што побргу, впрочем, како и малите читатели на оваа несекојдневна збирка.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14720

7. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг

„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.

Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14399

8. Серијал ТКЦП

Забавен серијал за сите деца кои ги сакаат авантурите и стриповите, подготвен од домашните автори: писателката Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров. ТКЦП е кратенка за „Тајниот клуб Црно прасе“. Станува збор за книжевен хибрид помеѓу роман и графички роман, кој е интерактивен затоа што „бара“ и учество на детето со боење, доцртување, дополнување и допишување. Во серијалот има илустрирани изданија, романи и книги со активности. Приказната се движи околу Лео и неговата дружина со херои – ТКЦП. Тие се борат против своите најголеми непријатели – Смрдливците... Во првата книга од серијалот, именувана како „Канџа во мракот“, се појавува таинствен „смрдливец“ во сенка. Во разрешување на мистеријата можат да се вклучат самите читатели со добојување, доцртување, допишување и дополнување на авантура додека читаат. Подгответе се за многу возбуда, акција и смеење... Покрај Лео, членуваат и Рокси, Ава, Симон, Тина и Тони. Тие се деца-суперхерои, кои, покрај тоа што имаат одредени супермоќи, сите имаат и по некој проблем или недостаток што им попречува да вршат нешто во секојдневниот живот. Пораката е едноставна: секој може да биде силен во нешто, без разлика што е слаб во нешто друго. Никој не е совршен и секој од нас може да биде суперхерој.

Изданијата од серијалот ТКЦП можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=204&displayName=%D0%A2%D0%9A%D0%A6%D0%9F

9. „Кој го грабна кралот на шпоретите?“ од Алесандро Гати

Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка... интуиција! Големиот готвач Пјер Пате исчезна! Побегнал? Или, пак, е грабнат од „кралот на артичоките“ Марсел, неговиот историски противник? Полицијата талка во мрак, но Мистер Мунлајт и мачките детективи имаат непогрешлива интуиција и подготвени се да истражуваат со мачешка остроумност!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11694

10. „Агата Одли – Тајниот клуч“ од Лина Џонс

Запознајте ја 13-годишната Агата Одли, храбра и решителна хероина, која е ѕвезда на нова и модерна серија на детективски романи за деца. Интересот на ова девојче е да разрешува мистерии како и нејзиниот херој Херкул Поаро и сето тоа го прави со помош на својата логика и на нејзиниот пријател, кој, пак, е исклучително добар во користењето на компјутерите. Агата секој момент од своето слободно време го користи за да најде случаи за разрешување и се надева дека сиот овој труд ќе ја однесе до одговорот на тоа што се има случено со нејзината мајка. Агата е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14436

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.28 MB