Топ листа

Шест инспиративни книги во чест на Меѓународниот ден на девојчето

11.10.2022.
Шест инспиративни книги во чест на Меѓународниот ден на девојчето

На 11 октомври, десетта година по ред, во светски рамки се одбележува Меѓународниот ден на девојчето. Денот има цел да ги потенцира и да одговори на потребите и предизвиците со кои се соочуваат девојчињата, истовремено промовирајќи го зајакнувањето на девојчињата и исполнувањето на нивните човекови права.

Девојчиња имаат право на безбеден, образован и здрав живот, не само во критичните години на формирање туку и кога созреваат во жени. Доколку се ефективно поддржани во текот на адолесцентските години, девојчињата имаат потенцијал да го променат светот. Само преку обезбедување на правата на жените и девојчињата може да се постигне правда и инклузија.

Во 1995 година, на Светската конференција за жени во земјите, од Пекинг едногласно ги усвоија Декларацијата и Платформата за акција – најпрогресивниот нацрт досега за унапредување на правата не само на жените туку и на девојчињата. Декларацијата во Пекинг е прва што особено ги повикува правата на девојчињата. На 19 декември 2011 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја донесе Резолуцијата 66/170 за прогласување на 11 октомври за Меѓународен ден на девојчето, за признавање на правата на девојчињата и уникатните предизвици со кои се соочуваат девојчињата низ целиот свет.

Го одбележуваме Меѓународниот ден на девојчето со шест инспиративни книги од „Литература.мк“: „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ – дел 1 и 2, „Девојчињата можат сè“ од Керил Харт, „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај и Кристина Лемб, „Фурам феминизам“ од Ламија Бегагиќ и Марина Величковиќ и „Храбри наместо совршени“ од Решма Саџани. Книгите се во издание на „Либи“ и „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ – дел 1 и 2

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ – дел 1 и 2 од Елена Фавили и Франческа Кавало се книги за деца и за возрасни во кои се вклучени сто приказни за добра ноќ, за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности.

Книгите е достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8663

„Девојчињата можат сè“ од Керил Харт

„Девојчињата ги има во сите форми и бои. Тие нè воодушевуваат и нè радуваат. Тие постојано нè изненадуваат. Девојчињата можат сè, што и да посакаат – веднаш. А ако си девојче... и ти можеш исто – повеќе од еднаш! Со овие зборови, авторката на книгата сликовницата „Девојчињата можат сè“, Керил Харт, им се обраќа на сите што имаат сон. Таа прашува: Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

„Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај и Кристина Лемб

Ова е книга за девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците. Јас сум Малала е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите. Јас сум Малала ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11684'

„Фурам феминизам“ од Ламија Бегагиќ и Марина Величковиќ

Зошто мама раскрева дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме повеќе за спортисти и научници отколку за спортистки и научнички? – ова се само некои од илјадниците прашања што од името на сите девојчиња ги поставува лик-ИЦА, хероината на оваа книга. „Никогаш не е прерано за феминизам. Драги девојчиња, ако размислувате од каде да почнете, ова е одлично место“ – Наѓа Духачек.

„Лекции што можеби нема да ти помогнат да ги имаш сите петки, ама ќе ти помогнат да го направиш светот поправедно и подобро место за тебе и за твоите пријателки. А првата и најважна лекција гласи: не постои ништо, ама баш ништо што девојчињата не би можеле, не би смееле или би морале да го направат – само затоа што се девојчиња!“ – Тамара Заблоцки.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14407

„Храбри наместо совршени“ од Решма Саџани

Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на ТЕД-ток, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста. Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат? Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање.

Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме. Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа.

Со избирањето храброст наместо совршенство можеме да најдеме сила да го зацврстиме нашиот глас, да го оставиме зад себе она што нè прави несреќни и да тргнеме по работите што вистински и страсно ги сакаме. Совршенството можеби нè поставува на патеки на кои се чувствуваме безбедно, но храброста нè води до оној пат што автентично треба да го следиме.

Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14374

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.25 MB