Топ листа

Шила е најбараното издание за деца во Литература.мк во мај

14.06.2022.
Шила е најбараното издание за деца во Литература.мк во мај

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева, која беше промовирана за време на Саемот на книгата, е најбараната книга за деца во мај во книжарниците на „Литература.мк“. Следува најновата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“. Високо на топ 10 листата се: новата книга за Исидора Мун, едициите „Шерлок Холмс за деца“, „Размислувај како гениј“, „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“, како и првиот дел од Хари Потер. Во продолжение проследете ја целата листа со најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во мај.

1. „Шила“ од Јана Мишо и Калиопи Трпчева

„Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта со ткаенините, со машината за шиење, со копчињата и со конците е впечатлив, личен начин за изразување, но и за справување со емоциите кај децата, различни и поинакви во однос на другите околу нив. Волшебниот свет на Шила преку шиењето на сите попатни емоции низ растењето, нè води до зрелост и целосна исполнетост. Правејќи кукли, Шила го крои и го шие светот по мерка на среќата кон која се стремиме сите. Кругот на животот се свртува со безименото девојче на кое веќе возрасната Шила му помага побрзо и полесно да стане тоа што сака.

„Шила“ е книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста, стрпливоста и самодовербата кај децата. Истовремено го реактуализира чудесниот подзаборавен свет на рачната работа.

Книгaта е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14907

2. „Нови бајки од Македонија“

Четирите бајки „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, кои деновиве излегоа од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.

Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова. Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески и „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.

Книгите, кои се објавени под „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во „Литература.мк“, како и во сите поголеми книжарници низ државата.

https://bit.ly/3tA8jHu

3. „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ и „Исидора Мун оди на одмор“ 

Новата книга од серијалот за малата самовила-вампир од авторката Хариет Мункастер – „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ е една од најбараните наслови за деца во мај.

На Исидора ѝ се ниша запче! Вампирите ги врамуваат своите први вампирски запчиња, но самовилите ги оставаат под перница за забовилата. Исидора не може да одлучи што ќе прави со своето запче, до моментот кога една вечер запознава волшебна глувчица по име Миличка. Со помош на Миличка, Исидора ќе создаде нова традиција. Традиција што ќе биде целосно уникатна, исто како неа!

Во книгата „Исидора Мун оди на одмор“ Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја. Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома? 

Книгите за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на https://www.literatura.mk на следниот линк: https://bit.ly/3zDpYBU

4. „Шерлок Холмс за деца“

Познатите книги за генијалниот детектив Шерлок Холмс, од славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл, адаптирани за најмладите читатели, се дел од новата едиција во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во серијалот „Шерлок Холмс за деца“ на македонски јазик се десет книги: „Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Синиот гранат“, „Марамата со точки“, „Сојузот на црвенокосите“, „Велепоседниците од Рајгејт“, „Поморската спогодба“, „Вампирот од Сасекс“, „Дамата со превез“ и „Тројцата студенти“. Овие куси наративни и илустрирани верзии на познатите романи сe адаптирани за помладите читатели. Изданијата од овој серијал се наменети, пред сè, за деца од училишна возраст, односно за млади читатели над осум години. Преку оваа едиција, децата уште од рана возраст ќе се запознаат со приказните за Шерлок Холмс. Инаку, познатите книги од авторот Артур Конан Дојл се адаптирани за помладата публика од страна на Стефани Боде.

Во „Синиот гранат“ од кутијата со накит на грофицата Моркар бил УКРАДЕН скапоцен дијамант, познат како Син гранат. Грофицата нуди награда од ИЛЈАДА фунти за оној што ќе ѝ помогне да го врати скапоцениот камен… Додека полицијата се обидува да го најде украдениот дијамант, Холмс се труди да го најде сопственикот на една божиќна вечера. Но, откако детективот случајно ќе наиде на дијамантот, Холмс и Вотсон влегуваат во трка со времето за да спасат невин живот.

Книгите од овој серијал се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3NQzJku

5. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

6. „Размислувај како гениј“

Популарниот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развиваат имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња. Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

7. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг

Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

Оваа година е во знакот на Хари Потер. Со низа настани на глобално ниво, се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга – „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (објавена на 26 јуни 1997 година), како и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на оваа книга. „Арс Ламина“, како носител на авторските права на книгите за Хари Потер, се приклучува кон светското одбележување на четврт век од магијата на Хари Потер.

Книгите од серијалот „Хари Потер“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3mJoQVw

8. „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Вториот дел од книгичките со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ ќе предизвика искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели. Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат на училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такви се двете продолженија на „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Книгите „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на https://www.literatura.mk.

Прв дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13480

Втор дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14849

9. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Хит-изданијата од полиците на „Литература.мк“, интерактивните пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се едни од најбараните изданијата за деца во мај. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

10. Боенки: „Миленичиња“, „Градина“, „Морски свет“, „Играчки“

Боенките со налепници помагаат во развој на моторичките вештини кај децата, јакнење на концентрацијата и ја поттикнуваат нивната љубопитност, фантазија и креативност. Во оваа серија има боенки со повеќе теми: бубачки, превозни средства, играчки, диви животни, домашни животни, морски свет, диносауруси, градина, миленичиња, слатки десерти и роденден.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3Oh4Rt1

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.28 MB