Најбарани изданија од „Арс Ламина“ во сегментот образование, што опфаќа дополнителна литература и дидактички материјали што се поддршка на наставно-образовниот процес, во 2021 година беа збирките задачи по математика со активности и тестови од 1 до 9 одд.
На второто место се прирачниците и вежбанките по природни науки од 4 до 6 одд., а веднаш зад нив – збирките задачи по физика за 8 и 9 одд. Особено корисни при усвојувањето на наставните содржини се покажаа и Збирката биологија од 7 до 9 одд., вежбанките по македонски јазик и музичките работилници од 6 до 9 одд.
На седмото место е Вежбанка за почетно пишување од проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ – систем од графички и мануелни вежби за полесно воведување на децата во техниката на пишувањето.
Процесот на усвојување на содржините по математика, хемија и органска хемија за средно образование е олеснет со соодветните збирки задачи по секој предмет одделно. На десетто место најпродавани наслови од едицијата образование се практикумите по македонски јазик 1 и 2 од Билјана Маленко и Елизабета Бандиловска – наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Сите изданија можат да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.