Рецензии

Дамски гамбит - За пионите што стануваат кралски ловци

22.01.2025.
Дамски гамбит - За пионите што стануваат кралски ловци
Дамски гамбит - За пионите што стануваат кралски ловци

Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во шах. Ваквиот тип на отворање им овозможува на црните фигури небалансирана позиција со 50-50 шанси за победа на двајцата играчи и изобилува со динамички тактички и стратегиски можности.

Дамски гамбит се игра во две варијанти: одбиен и примен дамски гамбит. И тогаш, oткако ќе го прочитате романот на Тевис, ќе се прашате каков гамбит е животната игра на Хармон?

Елизабет Хармон живее живот како создаден под перото на драмски писател, на само 8 години останува сираче и штитеничка на домот  за деца без родители „Метуен“. Згрижувачите ги присилуваат сирачињата да земаат „ханзолам“ (фиктивен антидепресив со дејство на смирување и својство на висока зависност), така што ќе ги држат под контрола. Малата Елизабет наоѓа поткрепа во моќта на овој магичен хемиски состав кој ѝ помага да се сконцентрира и да заспие без тешкотија, но исто така го открива и молчаливиот и повлечен домар, невидливиот господин Шејбл. Тој ќе биде нејзиниот Аристотел помеѓу мноштвото едуцирани образовни лица во установата, но емотивно дистанцирани, и ќе ѝ ги открие тајните на светот што се одигруваат на една дрвена табла и 62 полиња. Ненадејно, нејзиниот интелект под дејство на среќната ѕвезда ќе ја издвои од преостанатите сирачиња и ќе биде посвоена од парот Витли. Но, дали оваа судбина што пишува и игра како амбициозен писател ќе застане тука или Бет и во вистинскиот живот треба да ја развие Сицилијанската партија и да направи нов, неочекуван маневар со кој ќе го добие Отвореното првенство? Или не е сѐ така црно и бело како шаховското поле?

Исто како и шахот со еполет на спорт, а без физичка поткрепа на таквата дефиниција, ова е статичка книга, што не изобилува со преголеми турбуленции, или барем е така напишана за читателот да не ја доживее трагедијата како патетика, туку напротив, да сочувствува со силата и еланот на Бет, што го прави уникатен и единствен роман од таков вид.

Волтер Тевис поставил три интересни линии на разгледување и разделување на суштината на книгата. Растот на главната хероина, Бет Хармон, од сираче во Метуен до светските првенства во шах и границите кои постојат како физичка пречка не само за фигурите на таблата, но и пред потезите што ги преземаме секојдневно. Нејзината борба за рамноправност со стереотипите и машкиот свет e вткаена во Пировата победа на поделеноста црно наспроти бело.

Втората се геополитичките непријателства во времето во кое живее Бет, комунизмот на едната страна на таблата и капитализмот на другата, студената војна што ја запоседнува како патолошкиот страв од големиот Боргов. Две општествени велесили споредени со два големи велемајстори во борба да го преземат водството и да се закитат со титулата светски шампион во шах.

И секако, параболата - предрасуда за интелигентните и преамбициозни луѓе, нивната склоност да чекорат по самиот раб на зависноста.

Книга со вртоглава длабочина и изведба од автор-виртуоз каква што ретко кој умее да напише.

Јована Матевска-Атанасова

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Apr.
Рецензии
Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство.
16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.82 MB