Рецензии

Читачот: Зора зад аголот на Димитар Солев е роман за скопјани во периодот по Втората светска војна до катастрофалниот земјотрес

07.05.2021.
Читачот: Зора зад аголот на Димитар Солев е роман за скопјани во периодот по Втората светска војна до катастрофалниот земјотрес

Новото реобјавено и модерно издание на книгата „Зора зад аголот“ од Димитар Солев беше рецензирано од Александар Маџаровски – Читачот, кој посочи дека станува збор за дело што е совршено четиво за сите што ги интересира Скопје и животот на скопјани во периодот по Втората светска војна до катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Романот „Зора зад аголот“ неодамна беше реиздаден во рамките на амбициозната едиција „Македонски книжевни класици“, што ја реализира издавачката куќа „Арс Ламина“ под слоганот „Новото лице на класиците“ и чијашто цел е овие изданија да се приближат до новите генерации читатели. Веќе се објавени девет книги од творештвото на Петре М. Андреевски, стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски, „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев и „Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев.

Корицата на „Зора зад аголот“ е мотив од слика на пријателот и соработник на Солев, уметникот Васко Ташковски. Читачот вели дека романот е хроника на едно време и во него се конзервирани настаните од тој период. Посочува дека Скопје е претставен како град составен од луѓе со свои проблеми, сомнежи, соништа, радости и разделби. „Зора зад аголот“ првично е објавен во 1984 година и е составен од 31 поглавје.

Наратор е младиот писател кој живее над градската кафеана во Дебар маало, „Зора“, и со својот перископ ги следи и ги бележи судбините на луѓето кои се гости. Од Славе Вардарец до локалниот лекар, кој е ексцентрик и вегетаријанец. Во секое поглавје, како што вели Читачот, фокусот е на нов лик, но приказните и на другите ликови вешто се испреплетуваат.

Иако генерално се зборува за машки свет во кафеаната „Зора“, вистински се издигнува ликот на Паца, која е специфична со гестот на сочувство, солидарност и мајчински пристап.

Целата рецензија на Читачот можете да ја погледнете на линкот подолу:

https://www.youtube.com/watch?v=kiqlOI8XuL0

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.82 MB