Рецензии

Е, баш ме заболе! - водич за самопомош кој ќе успее да ви помогне и промени многу работи кај вас

17.01.2022.
Е, баш ме заболе! - водич за самопомош кој ќе успее да ви помогне и промени многу работи кај вас

'Посветеноста ти дава слобода затоа што вниманието веќе не ти го одземаат неважни и невредни нешта.' 

Книга- водич за самопомош во која Марк Менсон ќе успее да ви ја покаже суровата реалност на еден поинаков и реален начин. Девет поглавја, секое со своја посебна приказна. 

Во овие поглавја, тој ќе ви покаже како да не ви е гајле за неважните нешта, ќе ви ја посочи погрешноста во чувствување вина, ќе ве увери дека на прашањето 'Како?' нема одговор, ќе сфатите дека неуспехот е вистинскиот пат кон напред-  ова се дел од многуте поглавја кои чекаат на вас. 

Марк Менсон, сака да ја докаже вистинската страна на тезата, дека 'позтивното мислење е она клучното што не води кон среќен и исполнет живот'. Тој вели: 'Море кој ја 'врти' позитивноста. Да бидеме искрени нештата се зафркнати но, немаме избор освен да живееме со нив онакви какви што се.' 

'Довербата е како чинија од кинески порцелан. Ако ја скршиш еднаш, со посветување нега и внимание можеш да ја залепиш. Но, ако ја скршиш повторно, таа се распарчува на уште повеќе парчиња и потребно е многу повеќе време за да се залепи повторно. И колку повеќе се крши, толку е поголема веројатноста да се стигне до точката кога веќе не е можно да се залепи уште еднаш. Веќе има премногу скршени парчиња и премногу прав.' 

Тој ја изнесува и брани тезата дека луѓето, се суштества со свои маани и ограничувања. 'Не може да биде секој исклучителен- општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак е по твоја вина.' 

Секој од нас треба да ги препознае и спознае своите ограничувања, а со тоа и да ги прифати. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности, откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, дури тогаш ќе можеме да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по која сме трагале долг период. 

'Ќе почнеш се повеќе да ги цениш најобичните, најсекојдневни животни искуства: задоволствата што произлегуваат од пријателството, од создавањето нешто, од помаѓањето некому во неволја, од прочитувањето добра книга, од смеењето со некој што ти значи и за којшто се грижиш.' 

Марк Менсон е познат блогер, неговата прва книга е 'Баш ме заболе- како да не ти е гајле за неважните нешта'. 

Одлична книга- водич за самопомош која ќе успее да ви помогне и промени многу работи кај вас.

Пишува: Изабела Велковска

iizabelavelkovska@gmail.com

Книгата „Е, баш ме заболе!“ од Марк Менсон во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача преку www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13453

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.83 MB