Рецензии

Рецензии

„Што се случи со Исидора?“ - Гребење по семејната ламперија
16.
Nov
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата за родниот дом и корените, колку тие да се болни и соголени од горки и солени спомени, така што грандиозната и мрачна „Света Марина“ е уште еден лик што со својата мраморност придонесува за чкрипливата атмосфера во романот.
Дамски гамбит - За пионите што стануваат кралски ловци
22.
Jan
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во шах. Ваквиот тип на отворање им овозможува на црните фигури небалансирана позиција со 50-50 шанси за победа на двајцата играчи и изобилува со динамички тактички и стратегиски можности.
Прво читање на „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо
29.
Oct
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А понепознато од сопствениот ум нема.
Рецензија: „Што се случи со Исидора?“ е роман за кревкоста на менталното здравје
30.
Oct
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и светски славна писателка Ноемија Нера. Каприциозната, скандалозна, надмена и разгалена како филмска ѕвезда, Ноемија, жената што можеби и не требало да стане мајка, и по смртта, продолжува да биде мајкиште, повеќе маќеа одошто мајка, кучка, ако сакате, зашто сиот имот (а не е малку) го остава само на една од ќерките, со услов да не го продава ниту подарува во наредните десет години.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB