Литература

Литература

Го одбележуваме роденденот на писателот Александар Русјаков
09.
Aug
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, како и драмски текстови. Во моментов пишува поезија и проза, колумни и дијагнози, филмски и телевизиски сценарија. На едни им пишува на срцето, на други им чкрта по нерви.
Девет неверојатно мачешки приказни во чест на Меѓународниот ден на мачките
08.
Aug
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги за деца, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Екранизиран романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“
24.
Nov
На „Нетфликс“ од овој месец се прикажува мини-серијата во четири продолженија насловена како „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, базирана на истоимениот роман на Ентони Дор – добитник на Пулицеровата награда.  
Зорка Тодорова-Младеновиќ креираше книжевен времеплов на костимот
22.
Mar
Неизбежна литература за секој што се занимава со модата, но и како задолжителен учебник за секој студент на моден дизајн. Вредна документација на идентитетот на нашиот народ. Книгата е од големо значење воопшто за културата на костимот кај нас.
Извадок од „Ветената земја“ од Барак Обама: „Светот е комплициран, Бар, затоа е интересен“
04.
Aug
Со извадок од автобиографската книга „Ветената земја“ го одбележуваме роденденот на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој е роден на денешен ден (4 август) во 1961 во Хонолулу, Хаваи.
Извадок од „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов во чест на Олимписките игри
25.
Jul
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спортисти на најпрестижното натпреварување на светот. Неуморниот спортски новинар и хроничар Зоран Михајлов (р. 1945 г.) во својата 60-годишна кариера има присуствувано на 15 олимпијади (9 летни и 6 зимски). Во неговата книга: „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ ги документира ѕвездените моменти на нашите олимпијци, меѓу кои и Шабан Трстена, кој пред точно 40 години го освои златниот медал на Олимпијадата во Лос Анџелес.
Извадок од историскиот трилер „Фау-2“ од Роберт Херис  - „Фау-2“ од Роберт Херис е историски трилер за нападот на Лондон во Втората светска војна
12.
Aug
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ракета Фау-2, во овој роман се случува уште една, помалку позната приказна за британскиот обид за спречување на ракетните напади – со помош на алгебра.
Исмаил Кадаре – добитник на највисоката државна титула Голем офицер на Легијата на честа
17.
Oct
Францускиот претседател Емануел Макрон во својата прва официјална посета на Албанија му го врачи највисокото одликување на Француската Република на истакнатиот албански писател Исмаил Кадаре.
Истакнатиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина на 88 години
01.
Jul
Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Покрај тоа што беше истакнат романсиер, есеист и драмски автор, беше и академик, политичар, поранешен пратеник и потпретседател на партијата Демократски фронт.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.25 MB