Литература

Го одбележуваме роденденот на авторката Луси Фоли – современата Агата Кристи

15.08.2024.
Го одбележуваме роденденот на авторката Луси Фоли – современата Агата Кристи
Го одбележуваме роденденот на авторката Луси Фоли – современата Агата Кристи

Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. Токму поради тоа е една од омилените нови авторки на крими-трилери, а нејзините дела се меѓу најпродаваните. И покрај споредбите со Агата Кристи, младата британска авторка Луси Фоли е вистинско освежување во жанрот. Нејзините крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов“ и „Станот во Париз“ добија многубројни признанија и се бестселери.

Луси Фоли е родена на 16 август 1986 година во Сасекс. Завршила студии по англиска книжевност на универзитетите во Дурам и Лондон. Потоа работела како уредник неколку години, кога го напишала својот прв роман „Книга на изгубено и најдено“. По големиот успех на овој љубовен роман, таа потполно се посвети на пишувањето, патувањата и сликањето. Освен начинот на живот, таа реши да го промени и жанрот. Ги напушти љубовните приказни и во целост се посвети на крими-романите. Досега има објавено седум романи, од кои „На лов“, „Списокот со гости“ и „Станот во Париз“, кои се број 1 бестселери на „Њујорк тајмс“, на македонски јазик се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Секој што ги читал книгите на Агата Кристи ќе го препознае нејзиниот дух во овие книги. Луси Фоли не крие дека токму тоа ѝ е намерата.

„Сакав модерна Агата Кристи и токму таа желба ме наведе да напишам трилер“, изјави таа по повод објавувањето на романот „На лов“. „Клучната разлика е во тоа што во раните дела на Кристи постојат детективот Поаро, госпоѓицата Марпл и полицаец. Не го сакав тоа. Намерата ми беше да излезам од таа шема, во приказната да го изоставам детективот и на тој начин нарацијата да ја направам поморничава.“

Одличен показател дека и другите ја препознаваат сличноста е тоа што Луси Фоли е избрана како една од 12-те авторки кои, сега со благослов на фондацијата „Агата Кристи“, напишаа нови приказни за госпоѓицата Марпл („Марпл: дванаесет нови приказни“). Во продолжение ги претставуваме содржините на „На лов“, „Списокот со гости“ и „Станот во Париз“, кои се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

На лов

„На лов“ е дебитантски криминалистички роман на Луси Фоли. Инспирацијата за оваа книга е едно зафрлено место во Шкотска, кое ја разгорува нејзината фантазија. Атмосферата на дочекот на Новата година се загрева. Девет добри пријатели ја поминуваат вечерта, разменувајќи приказни и сеќавајќи се на заборавените спомени. А сепак, дружината е потајно свесна дека веќе не ги поврзува ништо освен заедничкото минато, длабоките стари рани и тајни, доволно непријатни што со леснотија би можеле да го разорат нивното пријателство. Кога часовникот отчукува полноќ, а поседот ја фаќа силна снежна бура, во снегот осамнува изобличено тело. Дружината е заробена на поседот, а сè упатува на убиство. Никој не може да дојде. Но, никој не може ни да замине. Дури ни убиецот.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Списокот со гости

Најдобриот трилер според „Гудридс“ за 2020 година и бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ – „Списокот со гости“ се продаде во над два милиона копии во светот. Приказната се случува на остров крај брегот на Ирска, каде што се собираат гости за да го прослават стапувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран.

Но, совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, почнува забавата, а со многубројните реминисценции и добри желби почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица. И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

Книгата првично, на англиски јазик, излезе од печат во 2020 година, кога беше прогласена и за најдобар трилер/мистерија на изборот на една од најпознатите светски интернет-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Таа е една од најчитаните и најпрепорачувани од „Рис бук клаб“ (книжевниот клуб на Рис Витерспун).

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Станот во Париз

Приказната се врти околу мала група луѓе (само)изолирани во луксузна куќа во Париз. Зад богатството и гламурот се кријат влага и урнатини. Една девојка, непоканет гостин, влегува во тој свет и открива пукнатини во преубавата глазура, а нејзиното патешествие во откривањето на вистината за тоа што се случило со нејзиниот брат, го следиме од аголот на повеќе наратори...

Овој пат авторката оди малку подалеку од критика на општествената елита и срамежливо се осврнува на мрачната страна на Градот на светлината, каде што богатството и бедата се сместени едни покрај други.

Главната хероина Џес, Британка која едвај врзува крај со крај, доаѓа во Париз за да најде прибежиште во домот на нејзиниот многу побогат и поуспешен брат Бен. Наместо братот, во неговиот стан наоѓа само траги од крв. И додека на само неколку стотини метри од неговиот стан се случува вистинска мала граѓанска војна во која демонстрантите се тепаат со полицијата, Џес ја води својата битка со станарите на зградата за да открие што се случило и каде е нејзиниот брат.

Приказната е толку непредвидлива што дури на последната страница можеме да бидеме апсолутно сигурни што всушност се случило.

 

„Станот во Париз“ е роман што се наоѓа на тромеѓата на серијата „Само убиства во зградата“, друштвената игра „Клуедо“ и, секако, романите на Агата Кристи. Ако сакате помодерна варијанта на Кристи, тогаш оваа книга е вистинскиот избор.

 

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
460 МКД
7,44 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
07.
Aug.
Литература
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, &ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.41 MB