За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ, кои на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Кој сака приказни, ќе ужива во секоја од петте интерактивни книги. Но, да ве предупредиме, секоја од нив претставува не баш лесна задача – решавање на логичка загатка врзана за случките од една необична траперска населба. Неретко ќе биде потребна помош од повозрасните, бидејќи оваа книга, најблаго кажано, не ги потценува децата...
Авторот на „Загадочни приказни“, Урош Петровиќ, е задолжен за тестирањата на „Менса“ во Србија и е еден од најуспешните решавачи на Ај-кју X-тестот во светот. Добитник е на многу признанија за своите дела, а за „Загадочни приказни“ ја има добиено наградата „Невен“ за најдобра книга за деца и млади од областа на популарната наука и награда од детското жири на „Доситеево перо“.
Книгите се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.