Литература

Извадок од историскиот трилер „Фау-2“ од Роберт Херис - „Фау-2“ од Роберт Херис е историски трилер за нападот на Лондон во Втората светска војна

12.08.2024.
Извадок од историскиот трилер „Фау-2“ од Роберт Херис  - „Фау-2“ од Роберт Херис е историски трилер за нападот на Лондон во Втората светска војна
Извадок од историскиот трилер „Фау-2“ од Роберт Херис  - „Фау-2“ од Роберт Херис е историски трилер за нападот на Лондон во Втората светска војна

Од авторот на политичкиот трилер „Минхен“ – Роберт Херис, од печат излезе нова возбудлива историска приказна „ Фау-2“. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ракета Фау-2, во овој роман се случува уште една, помалку позната приказна за британскиот обид за спречување на ракетните напади – со помош на алгебра.

Романот почнува кон крајот на војната, кога станува сѐпоочигледен поразот на Германија. Но, Хитлер има уште еден ас во ракавот – најновото чудо од оружје, балистичката ракета способна да лансира боева глава до целта, тешка еден тон и со трипати поголема брзина од звукот. Лондон е главна цел на гранатирањето. Руди Граф, научник кој цел живот сонувал да лансира ракети на Месечината, сега е принуден да создаде оружје што ќе убива невини луѓе. Офицерката Кеј Кејтон-Волш, која и самата има преживеано напад на Фау-2, е испратена на задача во неодамна ослободената Белгија, да работи на идентификување и уништување на проектилите при лансирање. И двајцата, Германец и Англичанка, водат војна на сопствената страна на фронтот, но во најсуровиот и најодлучувачкиот час нивните судбини ќе се вкрстат.

„Приказнава се случува во период од пет дена на крајот од ноември 1944 година. Рамката е фактичка. Сите напади од страна на Фау-2 врз Лондон се случиле со последици и по редослед како што е опишано овде. Германците ги испукале ракетите од шумата околу Шевенинген на холандското крајбрежје. Како одговор на ова, следувала британска контраоперација, во чие средиште дејствувал и тим од Женската помошна единица за воздушна одбрана. Исто така, историјатот на ракетната програма и работата на интерпретаторите од фотографско разузнавање во РАФ Медменам се обидов да ги прикажам најпрецизно што e можно пореално во рамките на едно дело – фикција. Но, ова сепак е роман. Со исклучок на познатите историски личности како Вернер фон Браун и есесовскиот генерал Ханс Камлер, сите други ликови и нивните конкретни доживувања се исклучиво измислени“, вели авторот Роберт Херис.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/55692-fau-2

 

Во продолжение е кус извадок од почетокот на книгата...

 

ЕДНО САБОТНО УТРО кон крајот на ноември 1944 година, во еден железнички хангар, во холандското приморско одморалиште Шевенинген, три балистички ракети, секоја долга по речиси петнаесет метри, лежеа во своите челични лежишта, како разгалени пациенти во приватна клиника, со отворени капаци за инспекција, приклучени на екрани и под рацете на техничари облечени во комбинезони од груба сива ткаенина на германската војска. Таа зима – шестата зима од војната – беше озлогласено тешка. Студот како да избиваше од бетонскиот под – како да ги пробиваше ѓоновите дури и на најтешките чизми, како да навлегуваше до коски. Еден од луѓето отстапи од својата работна маса и затупка со нозете в место, во обид да ја задржи циркулацијата. Единствено тој не носеше униформа. Темносиниот костум од пред војната, со низата пенкала во џепчето на градите, како и излижаната карирана вратоврска, го оддаваа како цивил – ако требаше да му ја погодите професијата, ќе речевте дека е наставник по математика или млад универзитетски предавач по некоја природна наука. Дури откако ќе му забележевте масло под изгризаните нокти, можеби ќе помислевте: а, да, ова е инженер. Човекот го слушаше Северното Море, оддалечено едвај сто метри од него, она непрекинато и бучно заплиснување на брановите 

на плажата, ги слушаше криците од галебите кои летаа наоколу носени од ветрот. Умот му го исполнија сеќавања – всушност, и премногу сеќавања; дојде во искушение да си ги стави штитниците за уши за да не ги слуша звуците. Но, на тој начин само повеќе 

ќе паднеше в очи, а освен тоа, и онака ќе мораше да ги вади на секои пет минути зашто другите постојано му поставуваа прашања за разни нешта – за пропелерската единица, или за потисокот во резервоарот со алкохол, или за електричните водови со кои ракетата се префрлаше од мрежно кон сопствено напојување. 

Се врати на работа.  Само што беше минало десет и пол, кога една од големите челични врати на најдалечниот крај од хангарот се отвори со чкрипење на шините, а војниците најблиску до неа се вкочанија во став „мирно“. Во просторот, сосе налет од студен дожд, влезе полковникот Валтер Хубер, заповедникот на артилерискиот полк. До него влезе уште еден човек кој носеше црн кожен мантил со сребрените ознаки на Ес-ес на реверот. 

„Граф!“ извика полковникот.  Сврти се на друга страна, му дојде на Граф веднаш како инстинкт. Земи ја лет-ламбата в рака, наведни се над работната маса, изгледај зафатено.  Но, од Хубер немаше бегање. Гласот му одекнуваше како да се наоѓа на параден полигон. 

„А, значи овде се криете! Со мене е некој што сака да ве запознае.“ Високите кожени чизми му крцкаа додека демонстративно чекореше низ работилницата. „Ова е штурмшарфирер  Бивак, од национал-социјалистичката управна канцеларија. Бивак“, рече, водејќи го нанапред туѓинецот, „ова е д-р Руди Граф од воено-истражувачкиот центар во Пенеминде. 

Тој ни е технички офицер за врска.“

Бивак му салутираше хитлеровски, а Граф претпазливо му возврати. И претходно слушал за овие НСФО, но всушност никогаш не запознал ниеден од нив – комесари на Нацистичката 

партија, од неодамна внесени во редовите на војската по наредба од фирерот, со задача да го разгорат борбениот дух. Вистински фанатици на борба до последен здив. 

Колку полоши стануваа работите, толку повеќе ги имаше.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
07.
Aug.
Литература
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, &ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.66 MB