Литература

Топ 10 книги што се читаат во еден здив - Читањето книги како олимписка дисциплина

10.08.2024.
Топ 10 книги што се читаат во еден здив - Читањето книги како олимписка дисциплина
Топ 10 книги што се читаат во еден здив - Читањето книги како олимписка дисциплина

Дали за вас читањето претставува одмор и релаксација или пасија – што не ви дозволува да ја оставите книгата додека не ја прочитате? Дали читате постепено и со денови или маратонски, за неколку часа? Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку книги можете да прочитате за една недела? Колку време ви треба да прочитате една книга? Дали процесот се развлекува во неколку денови, недели, месеци или имате навика да ја прочитате книгата во една вечер? Во трката со времето и секојдневните обврски повеќето избираат пократки книги, кои ќе можат да се совладаат за неколку часа. За сите што сакаат пократки книги или, пак, сакаат да прочитаат повеќе наслови за пократок рок, составивме листа со топ 10 книги, со романи или кратки прозни дела во издание на „Арс Ламина“.

На листата се: „Се гледаме во август“ од легендарниот Габриел Гарсија Маркес, „Деса“ од македонската авторка и професорка Ивана Трајаноска, дебитантскиот роман на Ненад Алексовски – „Сантос блуз“, забавната книга „Торонто експрес“ – Зоран Спасов-Ѕоф, научнофантастичната приказна „Анатрос“ од Хари Кацановски, последниот роман на Моџо Килингтон, „Уништување“, „Никогаш не кажувам“ од Синоличка Трпкова и расказите „Клучот на животот“ од Иво Митев-Жиле. Голем дел од нив се во рамките на едицијата „Во еден здив“ – книги што можат да се прочитаат во еден здив. За да ја прочитате оваа објава потребни се осум минути, а за исчитување на овие книги потребни се еден, два или три часа, според вашето темпо.

Уживајте во вашиот книжевен маратон!

 

1. „Се гледаме во август“ од Габриел Гарсија Маркес

Број на страници: 68

Време за читање: 1-2 часа

„Се гледаме во август“ е последниот „изгубен роман“ на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес, „пронајден“ и објавен десет години по неговата смрт. Тој е напишан во заводлив, фасцинантен стил и е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет. Книгата излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет...

Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“...

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/50139-se-gledame-vo-avgust

 

2. „Деса“ – Ивана Трајаноска

Број на страници: 78

Време за читање: 2 часа

Деса e жена-сон, тивка, приспособлива, непокорна, но свитлива, скротувачка на своите внатрешни ветрови и сили. Како довеано бело, лесно облаче среде модрите стратуси. Егзотична птица залутана во туѓо небо. Големите соништа ги носи од Кратово во Скопје, каде што треба да се остварат. Но, новата средина значи и поголем избор. Поголемиот избор значи и поголеми шанси за грешни одлуки… Деса е главната протагонистка во истоимениот роман на авторка Ивана Трајаноска. Taa ни носи филигрански изработена приказна за несреќниот живот на една жена, за миграцијата и судирот на вредностите од мало место во големо, за погрешните животни избори и за тагата за непроживеаното.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/28301-desa 

 

3. „Сантос блуз“ од Ненад Алексовски

Број на страници: 106

Време за читање: 2 часа

Личните доживувања од патувањата низ светот, музиката, несекојдневните настани и дружби, како и емотивните пресврти во животот на музичарот и театарџија Ненад Алексовски биле инспирација за неговиот прв книжевен наслов „Сантос блуз“. „Сантос блуз“ е една мошне динамично раскажана „отплата“ на личниот долг кон повеќе страсти истовремено: патувањето, музиката, театарот... Овој можен портрет на модерниот номадизам (географски, професионален и емоционален) има хибридна форма на дневник, патопис, роад-роман и блуз-проза. Како што вообичаено се повторуваат првите два стиха во блузот, така се повторуваат и деновите, месеците,.. времето во оваа лесно читлива новела за не толку лесните нешта во нашите животи. „Сантос блуз“ ги сецира моментите кога чувството на едно големо „ништо“ се трансформира во моќна инспирација.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/28265-santos-bluz

 

4. „Торонто експрес“ од Зоран Спасов-Ѕоф

Број на страници: 112

Време за читање: 2 часа

„Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помош за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон... Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на изнајмените станови во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „Тито, мојот претпоследен херој“.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/20340-toronto-ekspres

5. „Анатрос“ – Хари Кацановски

Број на страници: 118

Време за читање: 3 часа

Големата жанровска рамка на „Анатрос“ е научната фантастика, иако во овој кус роман се преплетуваат повеќе различни пристапи и понирања и во други раскажувачки формати. Психологијата на ликовите, траумите од растењето, релациите со другите... во книжевното писмо на Кацановски се поставени како наджанровска база, како суштина на постоењето сега, порано или подоцна. Компјутерските игри во иднината можеби ќе имаат влез за стварноста во нив, но она што нема да се промени е човековиот стремеж за излез од болката, страдањето и осаменоста.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/31743-anatros

6. „Уништување“ од Моџо Килингтон

Број на страници: 104

Време за читање: 2 часа

 

Во еден здив, за само пет дена, додека интензивно го држела инспирацијата, авторот, сценарист и активист на социјалните мрежи Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, ја напишал својата трета книга „Уништување“. Книгата исто така се чита во еден здив. Главниот протагонист во „Уништување“ е четириесет и двегодишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и Ана, кој еден ден дава отказ. Се гледа во огледалото во тоалетот на еден бар и се прашува: „Кој сум јас?“ Тагата повеќе сликала на неговото лице, а се чини дека среќата не ја ни допрела четката... Изгледаше... Поинаков. Тоа не беше човекот кој го знаеше. Ниту човек кој сака да го запознае. Тоа беше маска на еден минат живот на кој му стави крај кога уринираше врз фикусот на директорот на клиниката. Првата вечер кога се почувствува слободен, ја поминува во ќелија во полициската станица каде што запознава млада девојка. Следуваат ноќи исполнети со забави, алкохол, дрога и секс...

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/28646-unistuvanje

 

7. „Никогаш не кажувам“ – Синоличка Трпкова

Број на страници: 76

Време за читање: 1 час

„Никогаш не кажувам“ е куса проза со есеистички поттекст. Нејзината организација во пет одделни циклуси и воведна, програмска приказна со ист наслов како и книгата, го структурира читањето, формирајќи одделни островчиња на интерес, како на авторката, така и на потенцијалниот читател. Почнува со крајно лични приказни со острицата на ножот вперена во раскажувачкото јас; со син и ќерка, со состојба во која „раскажувачот“ е родител; продолжува во втора целина кога „раскажувачот“ е дете; третиот циклус е мешавина и од едното и од другото, вител од родители и деца, од минато и сегашност измешани во некакво трајно постоење.

Во него се реферира на луѓе од секојдневието, на јавни и обични личности вмрежени во емоционалниот координатен систем на авторката. Наидуваме на омажи, вистински медалјони за Данчо Чеврески, но и за другарката Соња; во оваа книга „гостуваат“ и Слободан Унковски и Марјан Алчевски, но и мириси, вкусови и одамна починати деца во една болница во Франција – митскиот топос на Синоличка, точката во која е забиена боцката на нејзиниот емоционален шестар. Четвртиот циклус е опфат на нашето актуелно време, еден автентичен поглед на пандемијата прекршен низ лично огледало. Последниот, петтиот циклус е есеизирање на книжевното од претходните четири. Се разликува дури и по насловувањата.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/28504-nikogas-ne-kazuvam

 

8. „Клучот на животот“ – Иво Митев-Жиле

Број на страници: 101

Време за читање: 3 часа

Преку 11 раскази, педантно спакувани во збирката „Клучот на животот“, авторот Иво Митев-Жиле оддава почит кон исто толку значајни личности кои оставиле траен белег во македонската и светската култура на 19 и 20 век. Книгата јасно и недвосмислено е насочена кон универзалното, трајното и неменливото во животите на луѓето, заплеткани во црни љубови и судбини, во подвизи и дела, поголеми од нив самите.

Насловот на збирката, кој не е преземен од конкретен расказ во неа, претставува еден вид код, тајна шифра, лајт-мотив на сите единаесет приказни. Извлечен од расказот „Музиката е жена“ како навидум незабележлива синтагма, насловот „Клучот на животот“ функционира како можно решение, отворање на многуте заклучени врати на минатото, на недореченото, забранетото и пропуштеното... Дури и кога се служуваат „тука“ и „сега“, овие раскази се однесуваат на „секаде“ и „секогаш“. Напишани во различни раскажувачки формати (реферирање на конкретни личности, дела и настани историографска фикција, псевдоисторија омажи надоврзувања и дописи на претпоставки лични илустрации на колективни судбини и мемории...), расказите на Иво Митев-Жиле се дефиле, или литија, кажано со лексиката на авторот, на недобројните книжевни комбинации на фактите и фикцијата.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/raskazi/28607-klucot-na-zivotot

9. „Втората месечина“ – Владо Димовски

Број на страници: 116

Време за читање: 3,5 часа

„Втората месечина“ од Владо Димовски

…и од под вода излезе втората месечина. За да има втора месечина, почитувани, треба да ги има и седумдесеттите години на минатиот век, треба да ве има и Вас во Долна Преспа. Авторот на оваа проза ги исполнува и двата услова. Замислете ги селата од овој дел на Македонија полни со млади луѓе. Сите населени места си имаа селски домови во кои секоја вечер имаше игранки. За забава беа потребни еден засилувач, неколку звучници и пристоен грамофон. Во време кога скопските девојки требаше да бидат дома пред 22 часот, моите долнопреспанки се прибираа по полноќ. Во време кога во другите места можеа да сонуваат дека ќе ја имаат најновата плоча од „Битлс“, ние ја вртевме со месеци. Плочите ни ги носеа нашинците кои доаѓаа од суровиот капитализам да си најдат партнерка, Македонка. Селските плажи?!… На врелиот песок задниците си ги топлеа и нашите и дојдените убавици. Модна ревија без концепт и без сценарио. Нешто највозбудливо и преполно со колективна емоција беше летната фудбалска лига. Замислете го сега познатиот голгетер во овој летен котел. Исончан, надоен од самоуправниот социјализам и со црвен пасош во џебот. Можеби сте за едно ноќно капење во водите на Преспанското Езеро?!… Сигурно ќе се престорите во месечина?!… Девојко, вам ви зборувам! Две приказни за едно волшебно време, за големи љубови, за две втори месечини.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/28644-vtorata-mesecina

10. „Туѓо тело“ – Владимир Плавевски

Број на страници: 60

Време за читање: 1 час

Виктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат. Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/23725-tugo-telo

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
180 МКД
2,91 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
07.
Aug.
Литература
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, &ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.23 MB