Литература

Го одбележуваме роденденот на писателот Александар Русјаков

09.08.2024.
Го одбележуваме роденденот на писателот Александар Русјаков
Го одбележуваме роденденот на писателот Александар Русјаков

Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... на Свети Климент и Свети Пантелејмон, на средината меѓу Свети Илија и Преображение Господово, точно 494 години од отворањето на Сикстинската капела, 47 години по раѓањето на Бети Буп и 46 години по раѓањето на Марио Загало, 32 години по атомската бомба фрлена врз Нагасаки, 15 години по смртта на Хесе, осум години по убиството на Шерон Тејт, три години по оставката на Никсон и само две по заминувањето од овој свет на Шостакович.

Заврши Факултет за драмски уметности во Скопје, катедра за филмска и ТВ-режија и одлучи веќе никогаш да не се занимава со снимање филмови, затоа што сфати дека многу подобро ја познава граматиката на книжевноста, отколку онаа на филмот.

Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, како и драмски текстови. Во моментов пишува поезија и проза, колумни и дијагнози, филмски и телевизиски сценарија. На едни им пишува на срцето, на други им чкрта по нерви. Досега од него имаат „побегнато“: поемата „Недовршена љубовна приказна“, збирката песни, „Голтка восхит од солзите на вечноста“, , автологијата „Нема стих, нема мир“, расказите „Ме сакаш ли под дождот?“, романите „Тринаесеттиот месец“, „Атена со пенис“, како и публикациите за „Арс Ламина“: „Курвински хроники“, „Албино трип“ и романот „Хотел меѓу два војни“, кој ја освои наградата „Пегаз“ (за најдобар необјавен роман во 2021 година) и е добитник на „Рациново признание“ за 2022 година.

– За мене, „Пегаз“ е посебно значајна, затоа што, реално, тоа е мојата прва книжевна награда. Оваа награда донесе позитивно влијание врз читателската публика. А врз моето книжевно творештво, идејата за награди нема никакво влијание, бидејќи не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резултатот... Најважниот пат на едно уметничко дело е оној од срцето на авторот до срцето на читателот, а „Хотел меѓу две војни“, откако пропатува меѓу две книжевни награди, продолжи да го бара својот пат (и добро му оди) кон читателската публика – вели Русјаков.

Во продолжение се потсетуваме на содржините на неговите три последни дела, кои се издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

 

„Хотел меѓу две војни“

„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на 20 век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.

Престојувајќи во бизарен хотел што асоцира на задгробниот свет, но во соба со поглед на Битола, Мустафа Кемал Ататурк понира во фантазмагоричниот свет на спомените и соништата, во кој на еден непредвидлив начин се мешаат сликите од минатото и од интимната историја на протагонистите. Приказната за Мустафа и Елени е раскажана оригинално, преку калеидоскоп од сугестивни сцени, впечатливи прозни пасажи и вешто водени дијалози. Овој роман проблематизира и низа историски моменти и ликови, видени од специфичната призма на авторот, која е оригинална, темелна и извонредно визуелно ефектна. Светот што овој роман ни го претставува е раскошен, слоевит свет што ги обединува пределите на сонот и јавето, животот и смртта, историската реалност и фикцијата. Раскрстувајќи со секаква типичност, типизираност и клишеизираност, „Хотел меѓу две војни“ одново ги создава личните и историските вистини, играјќи си и постојано поместувајќи ги силните противречности помеѓу она што било и она што би можело да биде; помеѓу големите и малите; Истокот и Западот; слободните избори и детерминираните улоги. Меѓу другото, ова е и роман што нуди уникатно ѕирнување во комплексниот свет на една од најинтересните историски личности, секако низ безграничните можности на фикцијата и авторовата имагинација.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/29804-hotel-megu-dve-vojni

 

„Албино трип“

Ти си најдобриот албино писател во Македонија. Јас сум единствениот албино писател во Македонија. Веројатно и пошироко. Ама уживам кога Шоте се заебава. Неговата чудесно луда смисла за хумор е натпросечна. Понекогаш вџашува. Ама секогаш расположува. – Колку добро изгледаш на погреб, човек да посака да умре за да му дојде албино на збогување. Луд е. Уметноста на пишувањето ме спаси од полудување. Ме спаси и од самоубиство. Јас сум отворена книга нераскажани приказни. Неиспеани стихови. Албинизмот е само корица. „Албино трип“ на Александар Русјаков е и луцидно „трипање“ и возбудливо патување од внатрешниот Парнас на човекот албино до сивите ќор-сокаци на мнозинството, со попатни одморалишта во оазите на чистите души.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/28298-albino-trip

 

„Курвински хроники“

За книгата „Курвински хроники“ Русјаков вели: Оваа приказна ме „малтретираше“ неколку години, вовлекувајќи ми се меѓу свеста и совеста. Овие хроники се плод на долгогодишно истражување на женските колена и колкови среде модната писта на човечката гротеска исткаена од лажен морал и искрено лицемерство. А, не сакам да пренесувам пораки. Тоа си е работа на читателот. Некои ќе извлечат порака, некои поука, а некои може да го извлечат и подебелиот крај.

„Курвински хроники“ влезе во потесниот избор на наградата „Пегаз“ во 2020 година за најдобар необјавен роман.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/23098-kurvinski-hroniki

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
07.
Aug.
Литература
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, &ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.76 MB