Литература

Девет неверојатно мачешки приказни во чест на Меѓународниот ден на мачките

08.08.2024.
Девет неверојатно мачешки приказни во чест на Меѓународниот ден на мачките
Девет неверојатно мачешки приказни во чест на Меѓународниот ден на мачките

Грациозни, мили, весели, но и палави. Час се темпераментни – час мрзливи, гребат, мјаукаат, па се умилкуваат, често се тврдоглави, но секогаш неодоливи... Ова веќе добро го знаат сите љубители на мачките, кои во својот дом се грижат за едно (или повеќе) вакво милениче. Всушност, мачките се едни од најпопуларните домашни миленичиња. Во светот има 600 милиони мачки, од кои 220 милиони се вдомени, а околу 480 милиони се диви или улични. Но, ги има и во митологијата, уметноста, културата, шоу-бизнисот, филмот и телевизијата. Мачките често се појавуваат како инспирација за разни уметнички дела, а многу често се дел од литературата, преставени како главни протагонисти или, пак, како верни придружници на луѓето.

Со цел да ги охрабри луѓето да се грижат за овие неверојатни миленичиња, Меѓународниот фонд за благосостојба на животните (IFAW) во 2002 година го востанови Меѓународниот ден на мачките, кој се слави секој осми август.

Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги за деца, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На листата се „Мачката Мара шубара“ од Оливија Георгиевска, која е објавена и на англиски јазик – „The black cat Mara – the hat shubara“. На листата се и книгите од популарните серијали: „Кити“ од авторката Пола Харисон, и „Тото мачката-нинџа“ на Дермот О’Лири. Следуваат збирката раскази „Мачешки исповеди или што значи да се биде маче“ од Катерина Трајановска, илустрираното издание „Историја на уметност со 21 мачка“ од Ниа Гулд, романот за деца „За мачките, за нотите и за бубачките“ од Јасминка Петровиќ, сликовницата „Неочекуваните мачки“ од Торвунд Хелге, Мари Канстад Јонсен, романот за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана Црвенковска и серијалот „Мачки детективи“. Секој од овие девет наслови, како паралела на митот за деветте животи на мачките, даваат нов живот на овие миленичиња во книжевноста, носејќи значајни пораки за младите читатели.

1. „Мачката Мара шубара“ од Оливија Георгиевска

Сликовницата „Мачката Мара шубара“ од авторката Оливија Георгиевска, со илустрации на Иванка Ниба, е топла приказна од северот, за едно непослушно црно маче. Мачката Мара живеела на север, каде што царува снегот. Непослушно излегла од дома и Мраско, северниот ветер, ја претворил во шубара. А шубарата од главата на бабичката, во чија куќа живее, дошла во рацете на фрцлестата учителка и библиотекарка. И така, од ваму – таму, сепак ќе има среќен крај за сите.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/slikovnici/33189-mackata-mara-subara

2. Серијал „Кити“ од Пола Харисон

Кити е шармантното девојче со супермоќ како мачка кое тргнува во необични авантури. Станува збор за книги од авторката Пола Харисон со илустрации од Jени Ловли. Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. Досега, од овој серијал на македонски јазик, во издание на „Либи“ се објавени осум книги. Во последната книга – „Кити и ѕвездената песна“, Кити се подготвува за настап на училишниот концерт. Како некој што вежба да стане суперхерој со мачји супермоќи, Кити успева да прави многу чудесни нешта. Но, како обично девојче, таа има огромна трема да запее пред целото училиште. Згора на тоа, Фигаро успева да се повреди за време на една бркотница, па плановите за неговата роденденска забава се уништени. На Кити ѝ е потребна помош од нејзиниот пррр-екрасен мачји екипаж за да го спасат роденденот на Фигаро и за да ја надмине тремата пред нејзиниот настап на концертот.

Покрај „Кити и ѕвездената песна“, досега младите читатели можеа да уживаат и во „Кити и Златниот тигар“, „Кити и спасувањето на месечевата светлина“, „Кити и бркотницата низ крошните на дрвјата“, „Кити и големата парада со фенерите“, „Кити и авантурата во небесната градина“, „Кити и самрачната неволја“ и „Кити и грабнатото милениче“. Која е вашата омилена книга со Кити?

Книгите од овој серијал се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

3. Серијал „Тото мачката-нинџа“ од Дермот О’Лири

Мачката Тото е прекрасна. Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко. Во серијалот од Дермот О’Лири има четири книги објавени на македонски јазик: „Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата“, „Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето“, „Тото и суперѕвездената катастрофа“ и „Тото и мистериозниот крадец на накит“.

Во последниот наслов од овој серијал, „Тото и мистериозниот крадец на накит“, Тото и нејзините пријатели се во неволја! Најспектакуларниот животински накит во светот е сместен и заклучен во Лондонската кула. Но, кога Тото оди во посета на кулата, некој го украл накитот, а за тоа го обвинуваат нејзиниот шеф – Лери! Дали Тото и нејзините пријатели ќе можат да ја разрешат мистеријата и да влезат во трагата на вистинскиот крадец?

Книгите од овој серијал се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

4. „Мачешки исповеди или што значи да се биде маче“ од Катерина Трајановска

„Мачешки исповеди“ е збирка сочинета од десет раскази-приказни што ги раскажуваат мачиња домашни, улични, палави, мирни, пркосни, срамежливи, наивни, брливи, портокалови, црни… со еден збор – единствени. Секое маче има своја приказна: некогаш тажна, некогаш смешна, навидум обична, но сигурно по нешто – посебна. Тоа што ги обединува е нивната потреба да ги споделат своите доживувања, од секоe доживување правејќи важен настан. Затоа што: Сите среќни мачиња си прилегаат едно на друго, секое несреќно маче е несреќно на свој начин. Но, понекогаш тагата ги обединува сите живи нешта и понекогаш читателот може да си претстави што значи да се биде маче. Па, така, дознаваме како Џинџер стана популарен готвач со своја емисија за готвење без никакво кулинарско искуство од претходно, откриваме што сонува малото бездомно маче Заратустра, па едно друго маче му споделува на својот другар Мики интимна приказна за неговата баба и за нејзиниот тежок живот на улица, но и за судбинската средба со неговиот дедо, за еден Хенри кој многу сака да се сретне со градоначалникот и да му ги каже своите забелешки за маалото во кое живее, тука се и Чарли и Вања и Ники и Максим и малиот Индијанец, кој го повикува својот облак да пушти дожд за да биде награден со млекце и малата виулица наречена Ноа, која живее на село со своите роднини – домашните животни. Цела палета расприкажани ликови, цел нов свет што чека да биде откриен од своите најмлади читатели.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

5. „Историја на уметност со 21 мачка“ од Дијана Ваулс и Џоселин Норбури

Фелис Катус, подобро позната како нашата мила домашна мачка, е ценет другар на човекот уште од најстари времиња. Таа е симбол на културата и префинетоста, олицетворение на фантазијата на старите Египќани, кои на мачките им укажувале највисока почит. Нашите крзнени пријатели се прикрадувале во ателјеата на многу уметници, како Пабло Пикасо, Клод Моне и Џорџија О’Киф. Затоа, се чини соодветно овде да наведеме 21 култивирана мачка додека патуваме низ историјата на уметноста. Од уметноста на Стариот Египет и Византија, до откачениот и екстремно успешен свет на групата „Млади британски уметници“, ќе ги истражиме стиловите што се обележје на важните движења во уметноста и уметниците што ги предводеле.

Елементите што се користеа за да се создаде списокот на 21 мачка, се наведени со објаснување за тоа како тие влијаеле врз работата на одреден уметник или врз одреден аспект од уметничкото движење. Зошто да не ги искористите истите елементи да си создадете ваш личен „мачковник“?

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

6. „За мачките, за нотите и за бубачките“ од Јасминка Петровиќ

Една од најпоучните книги за проблемите на децата во модерното општество и инклузија на децата со посебни потреби. Ако ѕирнеш низ трите прозорци, ќе дознаеш зошто Маја е тажна, на што се радува Ѕвезда и од што се плаши Милан. Пред тебе ќе се отвори нова галаксија и Стара планина. Ќе откриеш како звучи еден бибер-акорд и зошто во некои соби секогаш е мрак. Ќе се зборува за мачките, нотите, бубачките и радосните моменти. Дали некогаш сте помислиле дека животинчето на соседите или, пак, бабичката од првиот кат дека е вонземјанин? Не сте единствени. И Маја се чувствува така. Ете, веќе толку време се труди да се објасни со мајка си дека баба Цена и нејзината мачка се вонземјани. Ама навистина, па која обична мачка има зелена боја?! На ѕвезденото девојче Ѕвезда најголема радост ѝ е деноноќната дружба со клавирот. Мајка ѝ ја убедува да се одмори, да оди надвор и да си поигра со другите деца, но на Ѕвезда воопшто не ѝ е товар посветеноста на музиката. Но, набрзо се случува пресврт, кога во соседната зграда се вселуваат две интересни сестрички – новите другарки.

Милан многу се плашеше од бубачките, но го надмина тој страв. Тој со задоволство би играл видеоигри до бескрај, ама немој да сте му споменале планинарење и слично. За разлика од него, пак, татко му е обземен од природата и во секоја можна пригода го води својот син на екскурзија. На Милан не му е по волја, но не се буни премногу. Арно ама, една партија „Магаре“ и сите стравови магично исчезнуваат и планината изгледа попривлечна…

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

7. „Неочекуваните мачки“ од Торвунд Хелге, Мари Канстад Јонсен

Сликовница за сите тинејџери и фанови на графички новели! Томас и Тео одат кај дедо им за да јадат палачинки, да ги слушаат неговите стари плочи и да свират гаражен рок. Додека јадат, се случува нешто многу чудно: нивниот дедо одеднаш се претвора во мачка! Тие мислат дека тоа е забавно и возбудливо, но, во исто време, и малку опасно, затоа што набрзо треба да одржат рок-концерт пред целото гратче со нивната група „Неочекуваните мачки“.

Книгата е номинирана во категоријата „Најдобра сликовница“ во рамките на книжевните награди за деца и млади на Министерството за култура на кралството Норвешка за 2013 година. Сликовницата е добитник на втората награда во категоријата „Корици за книги/Детски книги“ во Årets Vakreste Bøker во 2013 година.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

8. „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска

„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ е сосема неверојатна приказна за едно неверојатно девојче кое не сака да си го открие името, за една исто толку неверојатна бела мачка, за еден парк по име Зеленпарк што крие мнооогу мистерии, за еден дух од таванот, за еден мистериозно исчезнат поет и уште многу други чудни нешта. Плус, ова е прирачник за женските што сакаат да станат супервештерки и тест „Каква вештерка си?“ Суперкреативни вештерски дневник и вештерска чкртанка-цртанка.

https://www.literatura.mk/romani-za-deca/10744-supervesterkata-mackata-i-seste-volsebni-kolacinja

9. Серијал „Мачки детективи“

Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка... интуиција! Станува збор за еден од најпопуларните серијали за деца од италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното. Серијалот е објавен на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Во овој серијал има шест книги: „Кој го грабна кралот на шпоретите?“, „Крадец... отмен мачор“, „Чудниот случај на исчезнатите колбаси“, „Кој го наместо Жан Мусташ?“, „Кој го украде златниот мачор?“ и „Голем напад на париската банка“. Секоја од книгите ќе ги однесе младите читатели на несекојдневна детективска авантура, но и на возбудливо патување низ улиците на Париз.

Во „ Кој го грабна кралот на шпоретите?“ големиот готвач Пјер Пате исчезнува! Побегнал? Или пак е грабнат од „кралот на артичоките“ Марсел, неговиот историски противник? Полицијата талка во мрак, но Мистер Мунлајт и мачките детективи имаат непогрешлива интуиција и под- готвени се да истражуваат со мачешка остроумност!

Изданијата се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
07.
Aug.
Литература
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, &ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.42 MB