Литература

Судбинската поврзаност на писателот Ѓорѓи Абаџиев со 2 Август

02.08.2024.
Судбинската поврзаност на писателот Ѓорѓи Абаџиев со 2 Август
Судбинската поврзаност на писателот Ѓорѓи Абаџиев со 2 Август

На 2 Август го одбележуваме Денот на Републиката -  Илинден - големиот државен празник, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На овој датум во 1903 година почнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. На овој ден православните граѓани го слават и верскиот празник Свети Илија (Илинден).

Но, покрај тоа што одбележуваме 121 година од Крушевската Република и 80 години од првото заседание на АСНОМ, денска се сеќаваме и на големиот македонски писател Ѓорѓи Абаџиев, кој почина на 2 август пред 61 година.

Ако се земе предвид дека целото негово творештво се однесува на периодот пред и по Илинденското востание (2 август), датумот на неговата смрт на некој начин судбински се поврзува со неговата творечка преокупација.

Дејството на едно од неговите најзначајни дела, романот „Пустина“, се случува пред историскиот Илинден во 1903 година и ни е раскажано преку заробеништвото на двајцата солунски атентатори Арсо и Глигор, веднаш по еден од нивните страшни бомбашки напади. Движејќи се напред-назад низ времето и мислите на карактерите (главно на Арсо), Абаџиев ни го прикажува внатрешниот живот на двајца исклучителни индивидуалци, загубени во коридорите на историјата, должноста и љубовта.

„Пустина“ е првиот психолошки роман, а Абаџиев се смета за родоначалник на овој жанр во македонската литература. Ова дело, според темата е општествено-политички роман, исто така и идеолошки (зборува за идеологијата на гемиџиите), историски – бидејќи се темели на историски настан, но има и љубовни и психолошки елементи. Тој е модерен психолошки роман, со сите карактеристики за вакво прозно дело. Користен е сликовит јазик и првпат се употребени стилските особености на македонскиот стандарден јазик. Има модерна мозаична форма, составен е од осум дела. Раскажувањето не е хронолошко и линеарно.

„Пустина“ е историско-психолошки роман, беше реобјавен во 2021 година со ексклузивна корица, што ја изработи уметницата Искра Димитрова, која е внука на Абаџиев. Во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, покрај „Пустина“, „Арс Ламина“ реиздаде уште едно познато дело од Абаџиев, „Арамиско гнездо“.

Романот „Арамиско гнездо“, кој првично бил публикуван во 1954 година, е еден од првите романи издадени на македонски јазик. Во него Абаџиев ја користи својата богата имагинација, полна со историско знаење, за да ни го наслика времето на ајдутството. Преку ајдутите Мануш, Трајко и Муса, нивните љубени Дафа и Јана, чорбаџијата Гого Јане, Топуз-бег, Билбил-ага и уште многу други, тој му вдахнува живот на не толку далечниот XIX век. „Арамиско гнездо“ е роман за сите љубители на историската фикција! Книгата е богата со прекрасни пејзажи: возвишени планини, мистериозни шуми, брзи потоци, мирни и затскриени села. Приказната е испреплетена со авантура, борби и љубов, во која непрестајно се мешаат романтизмот на народните песни, легендите и преданијата, и суровиот реализам на историските факти.

 

Ѓорѓи Абаџиев (7.10.1910, Дојран – 2.8.1963, Скопје) е еден од првите македонски раскажувачи и романсиери, особено истакнат по своите романи и раскази втемелени врз македонската историја. Од најмала возраст живее како емигрант во Грција и во Бугарија. Во 1948 година се враќа во Македонија, каде што во Скопје е еден од основачите и најактивните соработници на Институтот за национална историја. Од 1949 година, тој е член на Друштвото на писателите. Престојува во Скопје до крајот на својот живот.

Тој е дел од првата повоена генерација писатели, или современи македонски автори, кои играат значајна улога во развојот на македонската литература. Оваа генерација се создава од 1945 година, па сè до педесеттите години, кога се појавува првата проза, односно првите романи. Абаџиев ги пишува своите први раскази и романот „Арамиско гнездо“ по примерот на нарацијата на народниот раскажувач. Но, во 1961 година го објавува „Пустина“, кој е модерен роман. Со тоа прави скок во своето творештво – од народното раскажување – кон модерниот роман, како што впрочем прават и другите претставници на првата генерација современи македонски писатели и стануваат поттик за следните генерации автори. Со романот „Пустина“ го достигнува врвот во тогашната европска, па и светска литература. Не случајно ова е една од најзначајните книги во нашето творештво и не случајно е една од лектирите во четврта година средно училиште.

Неговото творештво главно е содржано од раскази и романи со историска предлошка. Ги објавува следните дела: „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936), „Изгрев“ (раскази, 1950), „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951), „Последна средба“ (раскази, 1953), „Арамиско гнездо“ (роман, 1954), „Пустина“ (роман, 1961), „Балканските војни и Македонија“ (монографија, 1972). Исто така, тој е еден од сценаристите на филмот „Мис Стон“ (1958). Во 1972 година е објавен избор од неговото творештво во четири тома.

Книгите од Ѓорѓи Абаџиев, кои се дел од  едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на  „Арс Ламина“, се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн, преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.71 MB