Литература

Книга за Париз е секогаш добра идеја!

01.08.2024.
Книга за Париз е секогаш добра идеја!
Книга за Париз е секогаш добра идеја!

Со отворањето на Летните олимписки игри, од 26 јули до 11 август, Париз е главен спортски центар на светот. И не само спортски, туку и културен, гурмански, моден, туристички... Сите патишта и случувања деновиве водат кон Париз. И не само ова лето и овие две олимписки недели. Париз важи за омилена дестинација на посетители од целиот свет 365 дена во годината. Ретко кој може да одолее на раскошната архитектура (со Ајфеловата кула во центарот), богатата историја и уметност, вкусната храна, естетиката и дизајнот, романтичниот, револуционерен и артистички дух. Париз не е само град - тоа е цел свет!

„Париз е секогаш добра идеја!“ Оваа култна реплика на Одри Хепберн во филмот „Сабрина“, веројатно ја изговора секој што некогаш бил и посaкал да се врати во Париз. Но, во Париз може да се отпатува и преку уметноста, музиката, филмовите, сериите или преку книгите.  Ако сакате да заминете на незаборавно патување во француската метропола, книгите за Париз секогаш се добра идеја!

Од богатата книжевна понуда на издавачката куќа „Арс Ламина“, издвојуваме шест романи за возрасни, еден прирачник со дневник за патување во Париз и популарниот серијал книги за деца „Мачки детективи“. Станува збор за наградувани современи класици, бестселери, историски романи и домашни наслови за млади, чие дејство е стационирано во Париз. Овие книги фрлаат книжевна светлина врз градот на светлината. На листата се: „Станот во Париз“, „Париз не ве остава“, „Париската библиотека“, „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, „Скоро парижанка или како да ги преживееш своите доцни дваесетти“, „Анаис од Монмартр“, „Како се оди во Париз“ - прирачник со дневник за патување, како и серијалот за деца „Мачки-детективи“. Во продолжение проследете ја содржината на овие изданија.  

 

„Станот во Париз“ од Луси Фоли

Ова е роман што ќе им се допадне на сите што сакаат приказни во манирот на Агата Кристи!

Секој кој ги читал книгите на Кристи ќе го препознае нејзиниот дух во овие книги. Луси Фоли не крие дека токму тоа ѝ е намерата. Во целост се посвети на крими-романите, како „На лов“, „Списокот со гости“ и „Станот во Париз“ - сите преведени на македонски и во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“.

Во фокусот на приказната е мала група луѓе (само)изолирани во луксузна куќа во Париз. Зад богатството и гламурот се кријат влага и урнатини. Една девојка, непоканет гостин, влегува во тој свет и открива пукнатини во преубавата глазура, а нејзиното патешествие во откривањето на вистината за тоа што се случило со нејзиниот брат, го следиме од аглите на повеќе наратори...

Овој пат авторката оди малку подалеку од критика на општествената елита и срамежливо се осврнува на мрачната страна на Градот на светлината, каде што богатството и бедата се сместени едни покрај други.

 

Главната хероина Џес, Британка која едвај врзува крај со крај, доаѓа во Париз за да најде прибежиште во домот на нејзиниот многу побогат и поуспешен брат Бен. Наместо братот, во неговиот стан наоѓа само траги од крв. И додека на само неколку стотици метри од неговиот стан се случува вистинска мала граѓанска војна во која демонстрантите се тепаат со полицијата, Џес ја води својата битка со станарите на зградата за да открие што се случило и каде е нејзиниот брат.

Приказната е толку непредвидлива, што дури на последната страница можеме да бидеме апсолутно сигурни што всушност се случило.

„Станот во Париз“ е роман кој се наоѓа на тромеѓата на серијата „Само убиства во зградата“, друштвената игра Clue и, секако, романите на Агата Кристи. Ако сакате помодерна варијанта на Кристи, тогаш оваа книга е вистинскиот избор.  

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/krimitriler/33964-stanot-vo-pariz

 

„Париз не ве остава“ од Елен Фелдман

Војната е завршена, но минатото никогаш не е минато. Откако ја преживеала Втората светска војна со ќеркичката Виви, работејќи во книжарница во Париз и борејќи се за својот живот, Шарлот не е жртва, туку борец за гол живот. Но, може ли да го преживее следното поглавје од животот? Како комбинација од животот во окупираниот Париз и во Њујорк од 50-тите години, книгата „Париз не ве остава“ е неверојатна приказна за издржливост, љубов и невозможни одлуки, и проникнува во тоа како опстанокот никогаш не се случува без одредена цена.

Елизабет Џ. Чрч, авторка на „Атомската тежина на љубовта“ за  романот на Елен Фелдман вели: „Прекрасна приказна што го дава она за кое сите сме гладни: интелигентен и комплексен женски лик кој ги предизвикува нашите замисли за праведно и неправедно, моралност и неморалност“.

Авторката на „Клеопатра“ Стејси Шиф, пак коментира: „Со гаранција ќе ве следи уште многу време откако ќе ја свртите и последната страница. Јас лично ја проголтав“.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/24790-pariz-ne-ve-ostava

 

„Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што ѝ е драго на Одил, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/26961-pariskata-biblioteka

 

„Сета светлина што не можеме да ја видиме“ од Ентони Дор

Мари-Лор живее во близина на Природонаучниот музеј во Париз, каде што нејзиниот татко работи како главен клучар и е последниот чекор помеѓу светот и големите музејски тајни. Мари-Лор ослепува на шестгодишна возраст, па нејзиниот татко ѝ моделира една беспрекорна минијатура на нејзината населба, за таа да може тактилно да го меморира секој агол и секогаш да знае да го најде патот накај дома. Шест години подоцна, Германците го окупираат Париз и, по игра на случајот, Мари-Лор и нејзиниот татко завршуваат во Сен-Мало со највредниот музејски експонат: легендарниот скапоцен камен Пламено море. Во меѓувреме, сираците Вернер и неговата сестра Јута растат во Цолферајн, рударскиот центар на Германија во тоа време, чијшто воздух станува сè позагаден благодарејќи на Гебелсовата пропаганда. Уште како малечок, откако наоѓа и поправа едно фрлено радио, Вернер се фасцинира од необичноста на овие нови инструменти што се способни да ги уловат гласовите што невидливо треперат околу нас.

Книгата е добитник на „Пулицеровата награда“. Се најде на второто место на листата со 100 најдобри романи на 21 век според читателите на „Њујорк тајмс“. Книгата е преведена на 30 јазици со тираж од 1,5 милиони продадени примероци.

Врз основа на приказната е снимена и мини ТВ-серија со Арија Миа Лоберти, Марк Рафало, Хју Лори и Луис Хофман во главните улоги.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/10153-seta-svetlina-sto-ne-mozeme-da-ja-vidime

 

„Скоро парижанка или како да ги преживееш своите доцни дваесетти... во Париз“

Девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе. Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја - особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. Ѝ подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала... одличен рецепт за активирање еден куп мали проблеми.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/14730-skoro-parizanka-ili-kako-da-gi-prezivees-svoite-docni-dvaesetti-vo-pariz

 „Како се оди во Париз: прирачник со дневник за патување“

„Како се оди во Париз“ е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да водат дневници, споменари, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, за сите љубители на книги и на уметноста и сите што сакаат уште ова да го стават во куфер. Инспирација за прирачникот и дневник за патување е блог-пост на Јана Мишо, со истиот наслов – „Како се оди во Париз“. Низ сите страници се провлекуваат цитати со локации, луѓе и доживувања од романите „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо. Ако прирачникот го имаат читатели на двете книги, ќе можат да се најдат баш на местото за кое прочитале.

Просторот за водење дневник на патувањето е поделен во поглавја. Застапена е и мапа на спомени, каде што можат да се означуваат посебни моменти со бројки, па вообичаените простори за списоци за пакување, купување, лепење фотографии и билети и плус цитати од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, за да го заокружат доживувањето. Сите совети во Прирачникот се практични и важни. Овој прирачник потсетува дека кога ќе прочитате книга за француската метропола пред да заминете таму, тоа неверојатно го подобрува искуството. Одушевувачки е кога ќе застанете на местото за кое претходно пишувал некој автор.

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/14730-skoro-parizanka-ili-kako-da-gi-prezivees-svoite-docni-dvaesetti-vo-pariz

 

„Анаис од Монмартр“

Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси.  Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко. Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Би се изненадиле.

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/13501-anais-od-monmartr

 

Серијал „Мачки-детективи“

Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка... интуиција! Станува збор за еден од најпопуларните серијали за деца од италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното. Серијалот е објавен на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Во овој серијал има шест книги: „Кој го грабна кралот на шпоретите?“, „Крадец... отмен мачор“, „Чудниот случај на исчезнатите колбаси“, „Кој го наместо Жан Мусташ?“, „Кој го украде златниот мачор?“ и „Голем напад на париската банка“. Секоја од книгите ќе ги однесе младите читатели на несекојдневна детективска авантура, но и на возбудливо патување низ улиците на Париз.

Изданијата се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/link/tCMwjDxutU

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
150 МКД
2,43 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11 MB