Литература

“Едно лето во Италија”-Книжевна разгледница од Позитано

29.07.2024.
“Едно лето во Италија”-Книжевна разгледница од Позитано
“Едно лето во Италија”-Книжевна разгледница од Позитано

„Портрет од ќерамичка чинија насликан со боите на Медитеранот и сочните мириси на цитрусните плодови”

Уште во бременоста, благодарение на феталната циркулација, се создава нераскинлива врска помеѓу мајката и бебето проследена со мал милион хемиски промени. Покрај медицината за оваа моќна и натприродна врска често се пишувало (еден пример е и жртвата на Лили Потер за „момчето што преживеа“ ) Ребека Серл го вметнува митот за патолошката поврзаност помеѓу мајката и ќерката во летниот книжевен хит „Едно лето во Италија“. Иако од старт релацијата на двете женски протагонисти е толку цврсто плацентирана што напати делува нездраво, па дури и се поставува прашањето “дали љубовта на детето кон мајката, и обратно, е единствената искрена и безусловна љубов што човекот може да ја почувствува”? 

Кети Силвер има сѐ што би посакала една девојка- мајка-најдобра-пријателка, сродна душа од академските денови, удобен живот со најситни детали на комодитет, сѐ додека љубовта на нејзиниот живот не умре. Погодивте нели? Името ѝ е Керол Алмеа Силвер. 

По загубата на Керол и плановите кои не стигнале да ги реализираат, Кети станува очајна и летаргична. Одеднаш се соочува со секој страв што го имала, не е задоволна од изборите што ги направила во животот и тие што животот ги направил наместо неа. Во желба да ја оживее носталгијата и растечените жолчки на спомените да прелеат уште еднаш во нејзиното секојдневие, како и секој главен лик од бестселер, предводена од импулсивноста, ја чекира картата за Позитано. Ова патување бил долгогодишен сон на мајка ѝ на кое, за жал, таа никогаш нема да стигне. Кети сега е тука, иако со главата нурната под купот одлуки што ја измачуваат како најсуштинската: дали бракот со сопруг каков секоја жена би посакала бил грешка? 

Покрај турбулентниот дневен распоред да го совлада духот на Позитано за една седмица, згодниот Адам и судбината на хотелот „Посејдон“ во кој индиректно е вмешана, копнежот ја воскреснува нејзината мајка речиси како да се наоѓа на средината во бајка, се запознава со Керол, но не таа што ѝ ја лекувала температурата и бдеела над неа, туку таа што флертува со исончаните Италијанци и секоја болка ја поминува покрај чаша Аперол. Дали Кети доживеала нервен слом? Дали теоријата на заговор за скршеното срце и сугестивната мисла е голема вистина? Или патува низ времето? 

Покрај тоа што е забавна романтична траги-комедија и успешно се вклопени моменти од популарната психологија, во голема мера „Едно лето во Италија“ е вистински туристички информатор, веродостојно предаден патепис за волшебното Позитано, точката во која кристалното небо и азурното море водат љубов над куќите со шарени фасади. Одлична гастрономска карта за авантуристите кои покрај патната исправа сакаат да чуваат и по некоја книга во ранецот поврзана со нивната дестинација, богата со мириси, вкусови и глетки: овошни вина, освежителни салати, медитерански орнаменти, лимонови дрвја и креми за сончање. Ребека Серл му нуди на читателот незаборавно искуство “ книгата е патешествие “ и го шета преку пишаниот збор низ камените плажи и пастелните зајдисонца на брегот Амалфи.

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.29 MB