Литература

„Вистините во кои веруваме“ – патот на Камала Харис од дете на имигранти до кандидатка за прва претседателка на САД

24.07.2024.
„Вистините во кои веруваме“ – патот на Камала Харис од дете на имигранти до кандидатка за прва претседателка на САД
„Вистините во кои веруваме“ – патот на Камала Харис од дете на имигранти до кандидатка за прва претседателка на САД

Американскиот претседател Џо Бајден се откажа од изборната трка! Оваа вест деновиве одекна во сите светски медиуми. Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвори патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата, првата Афроамериканка која го направила тоа во историјата на земјата. Бајден отворено ја поддржа Камала Харис како кандидат за демократ.

Со тоа што стана прва жена која е потпретседател на Соединетите Американски Држави, Камала Харис веќе го скрши на парчиња „стаклениот плафон“ на американската политичка сцена. Воедно, таа е и прва Афроамериканка и личност со потекло од јужна Азија на таа висока функција со што ги поместува границите и во сферата на расната и половата еднаквост.

Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за мемоари во кои таа зборува за предизвиците со кои се соочувала како дете на имигранти, но и на патот до силен играч на политичката сцена.

Харис е ќерка на имигранти и на борци за човекови права, а растела во Оукленд, Калифорнија. Поднасловот на делото е „Едно американско патување“, што почнува скромно, но ја води кон највисоката позиција што ја држела жена во политичката сфера во САД. Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

Мајката на Харис, Шјамала Гопалан Харис, е родена во Индија, додека нејзиниот татко, Доналд Харис, е од Јамајка и e економист и бил професор на Универзитетот „Стенфорд“. По нивниот развод, Камала растела со мајка ѝ, истражувач и активистка во борба за граѓански права. Иако уживала и го сознала своето индиско наследство, нејзината мајка ја прифатила афроамериканската култура на Оукленд и во нив ги вовела неа и нејзината помала сестра Маја. Кога Гопалан Харис прифатила работно место како професорка на Универзитетот „Мекгил“, семејството се преселило во Канада, каде што и Камала пет години одела на училиште.

Харис посочува дека никогаш немала проблем со својот идентитет и дека едноставно се опишува себеси како „Американка“. Колеџот го завршила во САД – поминала четири години на Универзитетот „Хауард“, што го опишала како едно од најголемите искуства во нејзиниот живот. Дипломата по право ја стекнала на Универзитетот „Хејстингс“ и ја почнала кариерата во канцеларијата на окружниот јавен обвинител во градот Аламеда. Потоа станува окружна обвинителка, главен тужител за Сан Франциско, а потоа е избрана за прва жена и воедно е прв Афроамериканец на позицијата главен правобранител на Калифорнија. Во текот на речиси двата мандати поминати на ова место, таа стекнува репутација на една од најголемите ѕвезди во Демократската партија, искористувајќи го овој момент за да го придвижи својот избор за помлад американски сенатор од Калифорнија во 2017 година.

Во 2019 година Харис ја поднесе својата кандидатура за претседател на САД, но не успевајќи јасно да ги пренесе своите ставови и да допре до гласачите, Харис се повлекува од трката и станува партнер во кандидатурата на претседателот на САД, Џон Бајден. Во 2021 година стана првата жена потпретседателка на САД. По речиси четири години поминати на оваа функција, повторно се враќа во игра за прва претседателка на САД. Деновиве изјави дека обезбедила поддршка од мнозинството делегати на Националната демократска конвенција да стане кандидат на Демократската партија за претстојните претседателски избори.

Книгата „Вистините во кои веруваме“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
480 МКД
7,77 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.64 MB