Летото е совршено време младите читатели да ги истражат новите светови и да заминат на ново незаборавно патување низ страниците на најубавите книги. Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури. Станува збор за романот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова, која третира современа тема – зависноста од технологија. Следува „Прирачник за солиден живот“ од Оливера Зуловиќ, топла приказна за пријателството и семејните предизвици. Потоа, тука е „Каде што спие ветрот“ од Дамијан Шинигој, авантура за смелоста и природата. Класиката „Господарот на мувите“ од Вилијам Голдинг ги истражува темните аспекти на човечката природа. И конечно, „Миа во Амстердам “ од серијалот „Јас сум Миа“ од македонската авторка Јана Мишо, што ја следи младата хероина во нова авантура.
Книгите се во издание на и „Арс Либрис“ и „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Достапни се во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.
1. „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова
„Риба во(н) мрежа“ е тинејџерски роман што третира една современа тема што ги засега најмногу помладите генерации − прекумерната зависност од технологија и предизвикот да се живее без „помошта“ од паметните телефони. Раскажувачкиот стил е непретенциозен, забавен, со внимателно дозиран хумор во приказната. Авторката, освен со јазикот, си поигрува и со формата, вметнувајќи графички содржини што треба да симулираат мобилни апликации, икони од интерфејс на мобилни уреди, рачно напишан телефонски именик, цртежи-патокази итн., кои и визуелно го разигруваат текстот и го оживуваат во рацете на читателите. Одредницата „роман за млади“ треба да се сфати само условно, како и дидактичкиот увод дека Ника, главниот лик, се обидува „да го разбие митот дали може да се преживее еден ден без мобилен, за доброто на тинејџерите“.
„Риба во(н) мрежа“ е добитник на наградата за најдобар необјавен роман „Пегаз“, за 2023 година.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку:
https://www.literatura.mk/romani-i-raskazi-za-mladi/55217-riba-von-mreza
2. „Прирачник за солиден живот“ од Оливера Зуловиќ
Помеѓу новата адреса на тато и старата адреса на мама стоеја три автобуски станици, два семафора, еден киоск, една трафостаница, пошта, црква и книжарница. Ако спиеше кај тато, нотите за гитара остануваа кај мама, а кога мама го водеше на тренинг, опремата му беше кај тато. Никако да си биде сè на своето место. Ако тие тројцата мораа да се навикнат, топката, дуксерот со качулка, клучевите, чистите чорапи, го одбиваа тоа. Не им можеш ништо и точка! „Прирачник за солиден живот“ е добитник на наградата на „Политикин забавник“ – најдобра книга за деца и млади напишана на српски јазик за 2022 година. Книжевниот првенец на Оливера Зуловиќ е приказна за нежното пријателство помеѓу Љубица и Љубо и за нивната авантура со заеднички сили да ги преживеат, но и да ги поправат неубавите нешта во животот. Оваа топла книга пишувана низ призма на дете е наменета и за возрасните и за оние што сè уште не станале тоа.
Изданието на македонски јазик беше промовирано на Саемот на книгата 2024 во Скопје.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку:
https://www.literatura.mk/romani-za-deca/54182-priracnik-za-soliden-zivot
3. „Каде што спие ветрот“ од Дамијан Шинигој
Паметниот, но срамежлив Блаж, кој се обучува за спасувач во пештери, и смелата Ирена, која е ин-девојка во училиштето, заглавуваат во пештера во обид да ја поттикнат самодовербата на Блаж. „Како може Блаж да се докаже дека е мудар, храбар и самоуверен во неволја и што ќе биде со нивниот тинејџерски флерт во вакви опасни околности?“ е главното прашање околу кое се гради фабулата во оваа наградувана книга за млади на писателот и искусен спелеолог, Дамијан Шинигој. Приказната има два тека во поглавја што се менуваат наизменично. Од една страна е обидот на спасувачките служби да го пронајдат исчезнатиот шумар, а од друга страна е авантурата на двајца тинејџери што добива непредвидлив тек. Во романот што во преден план осветлува една тинејџерска романса, на вешт начин се преплетуваат и јасни еколошки и педагошки пораки: дека пештерите и шумите се непредвидливи и опасни средини за љубопитни деца, но и дека се важни природни системи што треба да се чуваат од загадување и уништување. Заради своите книжевни и етички вредности, „Каде што спие ветрот“ ги добива наградите: „Десетница“ за најдобро книжевно дело за млади во 2021 година во Словенија и „Златна хрушка“ (2021), а е дел и од каталогот „Вајт рејвенс“ за најдобра интернационална книжевност за деца и млади за 2021 година.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку:
https://www.literatura.mk/romani-i-raskazi-za-mladi/31157-kade-sto-spie-vetrot
4. „Господарот на мувите“ од Вилијам Голдинг
Во зародишот на следната светска војна, авион се урива на непознат остров, при што група ученици остануваат одделени од другиот дел од светот. Отпрвин, без надзор од возрасните, нивната слобода е причина за славење; така, далеку од цивилизацијата, момчињата можат да прават буквално што сакаат. Тие се обидуваат да создадат сопствено општество, но не успеваат во тоа. И додека редот се урива, додека почнуваат да одекнуваат чудни завивања во ноќта, додека почнува да владее теророт, надежта за авантура почнува да изгледа исто толку далеку од реалноста колку и надежта за спасување. Сметан за парабола, алегорија, мит, приказна за моралот, пародија, политички трактат, па дури и за своевидна визија за апокалипсата, „Господарот на мувите“ е можеби нашиот најнезаборавен роман за „крајот на невиноста, за темнината на човечкото срце...“
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку:
https://www.literatura.mk/klasici-knjizevnosti/31207-gospodarot-na-muvite
5. „Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)“ од Јана Мишо
Во вториот дел од серијалот „Јас сум Миа“, младата и храбра Миа заминува на две недели во Амстердам. Ова не е приказна за градот, туку за предизвиците низ кои поминува главната протагонистка. Не станува збор за љубовен роман, туку книга за девојче кое се сознава себеси и расте низ пречките со кои се соочува. Миа се соочува со еден сериозен проблем, што го решава сама, без притоа да го чека принцот на белиот коњ.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку:
https://www.literatura.mk/romani-i-raskazi-za-mladi/20698-mia-vo-amsterdam-jas-sum-mia-2