Литература

Владо Јаневски: Убавината на „Пегаз“ е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност

05.06.2024.
Владо Јаневски: Убавината на „Пегаз“ е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност
Владо Јаневски: Убавината на „Пегаз“ е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност

Македонскиот автор Владо Јаневски, кој живее и работи во Австралија, е мултимедијален уметник: писател, сликар, фотограф, стрип-автор и светски патник. Искуствата од патувањата, средбите со луѓето, истражувањата и широките познанства и интереси за уметноста се видливи во секое негово дело. И покрај честите патувања, наоѓа време за пишување. Вели дека за секој автор важно е постојано да пишува, со тоа се усовршува. Своите дела често ги праќа на конкурси, анонимно... Така конкурираше и за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман. Неговиот ракописот „Мртвите знаат најдобро“ е добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година. Издавачката куќа „Арс Ламина“, покрај овој роман, објави уште неколку негови дела за возрасни и деца: „Смртта не е крај“ (објавен во 2022 година), бајките „Луѓето и змејовите“ (која во 2023 година беше објавена во форма на сликовница) и „Папагалот и кучето“ (објавена во збирката со раскази за деца „Детелинки-белинки“). Овие две бајки се најдоа и во големата книга „Нови бајки од Македонија“, која неодамна излезе од печат во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

Јаневски е член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Македонија, каде што завршил високо образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија. Добитник е на многу награди и признанија. Неодамна разговаравме со него за наградата и едицијата „Пегаз“, за процесот на пишување и конкурирање.

 

* Вашиот роман „Мртвите знаат најдобро“ е еден од победниците на наградата за најдобар необјавен роман. Од какво значење за Вас е наградата „Пегаз“? Колку таа влијаеше на поттикот и за насоката на Вашето понатамошно книжевно творештво?

– Се работи за престижна награда. На пример, во 2020 година беше доделена во конкуренција од 61 ракопис. Учествував анонимно, во такви услови наградата за мене имаше поголема тежина. Се разбира дека тоа ми даде поттик да продолжам. Благодарение на објавувањето на „Мртвите знаат најдобро“, веднаш потоа, следната година, се објави неговото продолжение, романот „Смртта не е крај“, кој патем може да се чита и како посебен роман.

 

* Каква е досегашната рефлексија од читателите за романот? Какви критики, коментари и оценки добива од читателите и книжевниците?

– Од објавувањето, па наваму имаше неколку позитивни коментари и оценки за „Мртвите знаат најдобро“. Забележителен беше освртот од Читачот (Александар Маџаровски) на неговиот јутјуб-канал. Меѓутоа, освен многу ретки исклучоци, кај нас, за жал, нема некој што би седнал и би напишал издржана добра (или лоша) критика. Најчесто си патиме од затвореност во кругови, познанства (од факултет, од работа), услуга за услуга и слично – во такви случи најчесто читаме осврти што всушност се далеку од објективни.

 

* Дали имате навика да ги препрочитувате своите објавени дела по објавувањето? Како сега ја доживувате приказната и пораката од „Мртвите знаат најдобро“? Колку таа е времеплов на вас како автор пред објавување на романот и сега? Од денешен аспект дали нешто би промениле или додале?

– Ретко сум задоволен од она што ќе го напишам, при секое препрочитување, ако има можност, ќе променам нешто, верувам на подобро. Дури и во случајот со наградениот роман се случи токму тоа. На пример, откако го испратив ракописот на конкурсот, додека уште не беа познати резултатите, седнав да го преработам и ја завршив новата верзија неколку дена пред да ја добијам наградата. Така што, сега романот има две верзии, од кои само едната е објавена, верувам подобрата. Патем, изненаден сум што досега романот не е преведен и на друг јазик. Мислам дека лесно би си нашол читателска публика на некој поголем пазар. На пример, заради дејството, би било идеално да се појави како роман (или како филм) во Јапонија или на англискиот пазар. Колку што забележав имаше обид да се преведе на српски јазик, но засега ништо не се финализирало.

 

* Во тек е новиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман за 2024 година. Дали имате совет за сите што размислуваат да конкурираат?

– Важно е да се учествува и да не се биде разочаран ако не се успее, туку да се продолжи да се пишува и секогаш да се оди кон усовршување/подобрување, дали на постојниот ракопис или на некој нов.

 

* Има ли „рецепт“ како се пишува „победнички роман“? Можете ли да споделите насоки или препораки како од идеја приказната да се преточи во роман?

– Рецепт најверојатно нема. Размислувајте со своја глава, потоа засукајте ги ракавите и кажете нешто свое. Пишувајте само ако навистина го сакате тоа. Треба голема дисциплина, но и „а-ха“ моменти, кои можат да го оживеат романот ако сте заглавиле некаде и да ве извадат од „калта“. Има цела џунгла замки во процесот на пишување, каде што може да се заглави. Мајсторство е да ги откриете тие места и да ги оживеете или да ги отстраните од романот.

 

* Како Вие обично пишувате? Имате ли посебен ритуал?

– Не се работи за ритуал, секој што пишува го доживува тоа на различен начин. Кај мене најчесто се работи за вид нурнување во свет што го создавам и потоа тој продолжува да се дооформува, ликовите оживуваат и се поврзуваат низ дијалози и настани. Има нешто магично во сето тоа.

 

* Дали ја следите наградата „Пегаз“ изминативе (пет) години? Дали имавте можност да прочитате некои од наградените книги или финалистите, објавени под едицијата „Пегаз“?

– Будно ја следам наградата „Пегаз“ и одблизу се запознавам со победниците, во смисла следам како се развиваат понатаму. Сум имал можност да ги читам сите наградени книги. Ми се допаѓа разновидноста на тоа што се презентира со секоја наградена книга.

 

* Неуморно творите, со кои сѐ наслови се збогати вашето творештво изминативе години?

– Од 2020 година наваму, покрај наградениот роман „Мртвите знаат најдобро“, се објави и романот „Смртта не е крај“, а неодамна од печат излезе најновиот роман, „Кој го уби Едгар Алан По“. Покрај проза пишувам и поезија, деновиве беше објавена мојата нова поетска збирка „На грбот на неповратот“. По добивањето на наградата „Пегаз“ почнав да пишувам и за деца, објавени ми се две книги: „Палавковците Влатко и Емче“ и „Луѓето и змејовите“ и застапен сум со бајка во читанката „Детелинки-белинки“. Тука ќе споменам дека „Палавковците Влатко и Емче“, веќе цела година, како стрип, редовно се објавува во весникот „Нова Македонија“, во прилогот „Колибри“. Таму повеќепати се појавувам и како автор на бајки за деца.

 

Шестиот конкурс за книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“ ќе биде отворен до 1 јули 2024 година. Може да се конкурира со необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2024 година. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
990 МКД
16,02 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
168 МКД
2,72 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.63 MB