Литература

Книжевноста во чест на Светскиот ден на театарот

27.03.2024.
Книжевноста во чест на Светскиот ден на театарот
Книжевноста во чест на Светскиот ден на театарот

„Театарот е поезија која се издигнува од книгите и станува доволно човечна за да зборува и вика, плаче и очајува“.

Оваа мисла на славниот шпански поет, драматург и театарски режисер Федерико Гарсија Лорка, ја отсликува нераскинливата врска меѓу театарот и книжевноста. Книгите често се инспирација за театарски престави, и обратно, многу дела се мотивирани од случувањата на „штиците што живот значат“. 

На 27 март, на иницијатива на Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО, во глобални рамки се прославува Светскиот ден на театарот. На овој датум, покрај тоа што се играат претстави, се одржуваат и предавања, како и мултимедијални настани со музика, танц, сликарство и проектирање видеа. Исто така, се публикуваат и стручни книги, монографии и литература инспирирана од оваа уметност.

Во чест на Светскиот ден на театарот со книгите, потсетуваме на три значајни книги, кои се достапни во книжарниците „Литература.мк“:  монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ од  Ана Стојаноска, „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова и „Да се почне одново“ од Драган Клаиќ.  

„Чашуле, приказнувачот“ од Ана Стојаноска

Монографијата „Чашуле, приказнувачот“ претставува научна и емотивна книга за македонскиот писател и драмски автор Коле Чашуле, на стогодишнината од неговото раѓање. Замислена е како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата работа и со работата на авторката. Насловена е „Коле Чашуле: Приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата. Ова е исклучително ретка книга во македонската театролошка литература. Не само во жанровска, туку и во поетичка смисла, книгата „Чашуле, приказнувачот“ се препознава како прилично, дури и експлицитно „хибридна“: нејзиниот „темелен“ дискурс е, напоредно, и научно дистанциран (театролошки аргументиран/„објективен“), ама и евидентно „субјективен“: интимистички тактилен, речиси романескно „расприкажан“, поетичен, наведува проф. д-р Јелена Лужина во рецензијата на книгата.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/38461-casule-prikaznuvacot

„Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова

Книгата „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од академик Нада Поп-Јорданова, која е во издание на „Арс Ламина“,  е посветена на психофизиолошките аспекти на театарската уметност и на актерите. Главното прашање на кое се бара одговор во ова истражување е: што е тоа што ги мотивира луѓето да се занимаваат со театар и да стануваат актери? Дали по своите психолошки карактеристики актерите се разликуваат од другите (обичните) луѓе? Дали успешните актери се поинакви од оние просечните? Што било неопходно тие да се развијат како познати и добри актери? Како и дали актерите ги потиснуваат сопствените психолошки карактеристики за да ја одиграат улогата успешно во која се нагласени сосема други карактеристики на ликот? Од што зависи трансформацијата на актерот во ликот кој го игра и како настанува враќањето во реалниот живот. Оваа од многу аспекти извонредна книга, одговорот на ова прашање го бара на вистинското место: во невронауката. Едно од ретките вакви дела на македонски јазик, тоа е неизоставно четиво за секој со макар и површен интерес за заднинските процеси што ја диктираат не само актерската уметност туку и човековото комплексно секојдневие.

Дискутирани се резултати од објавени научни студии посветени на психолошките карактеристики на актерите, мозочните региони што се активираат при играње или гледање претстава, за личноста воопшто и особено за таа на актерите (емоционалноста, нарцизмот, емпатијата). Посебен придонес на книгата претставуваат истражувања направени во нашата земја: едното за културните и психолошките процеси во актерската креација на ликот и второто за профилите на личност кај македонските актери. Со оглед на тоа што во нашава земја нема ваков психофизиолошки и невронаучен пристап кон театарската уметност и личноста на актерите, овој труд е еден оригинален придонес во областа.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/filmmuzikaopera-i-teatar/28839-teatarot-i-akterite-od-sosema-drug-agol

„Да се почне одново“ од Драган Клаиќ

„Да се почне одново – промена на системот: државните театри меѓу пазарот и демократијата“, во издание на „Арс Ламина“, не е книга за преживување на театарот во период на економска рецесија – макар што сенките на кризата постојано се надвиваат во поглавјата што следуваат – туку е книга за самиот поим институционален театар, некомерцијален и, оттука, субвенциониран; за неговите препознатливи доблести, вредности и за придобивките што ги носи тој. Вака пишува реномираниот театролог и културен критичар Драган Клаиќ во својата луцидна, аргументирана и елоквентна полемика за одбрана на доблестите на институционалниот театар.

Под притисок на економијата, глобализацијата и културната индустрија, институционалниот театар сè повеќе личи на неговиот двојник, комерцијалниот театар, и некритички го прифаќа неговиот модел. Од друга страна, и покрај субвенциите што ги добива, тој не може да го пронајде моделот што ќе му овозможи правилно да функционира и да го прави тоа што го знае најдобро: да експериментира, истражува и критикува. Веднаш се наметнува прашањето што да се прави? Книгата „Да се почне одново“ на Драган Клаиќ дава многу конкретни одговори на ова прашање и вешто се движи помеѓу минатото и сегашноста, идеалите и стварноста, уметноста и економијата, културата и културната политика – и се наметнува како задолжително четиво за сите оние што се интересираат за судбината на театарот во XXI век и се активни чинители во создавањето на неговата иднина.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/25471-da-se-pocne-odnovo

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
600 МКД
9,71 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
550 МКД
8,90 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.81 MB