Литература

Зорка Тодорова-Младеновиќ креираше книжевен времеплов на костимот

22.03.2024.
Зорка Тодорова-Младеновиќ креираше книжевен времеплов на костимот
Зорка Тодорова-Младеновиќ креираше книжевен времеплов на костимот

Неизбежна литература за секој што се занимава со модата, но и како задолжителен учебник за секој студент на моден дизајн. Вредна документација на идентитетот на нашиот народ. Книгата е од големо значење воопшто за културата на костимот кај нас. Круна на досегашната работа на нашата позната костимографка и универзитетски професор во пензија... Ова се само дел од коментарите што модните креатори, новинарите, професорите по дизајн и костимографите ги дадоа за новата фотомонографија на Зорка Тодорова-Младеновиќ.

„Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е круна на досегашната работа на познатата костимографка. Книгата беше промовирана неодамна во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. За време на промоцијата разговаравме со некои од посетителите, кои се дел од модниот свет во нашата земја.

 

1. Лејла Сабит, модна уредничка

„Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ е круна на досегашната работа на нашата позната костимографка и универзитетски професор во пензија, која и во осмата деценија е неуморна со ангажманите и со космополитскиот дух. Оваа издание, но и претходното – „Како да станам моден дизајнер?“, исто така во издание на „Арс Ламина“, се ретки, единствени по својата содржина и порака. Иако станува збор за навидум стручни и специјалистички книги, тие комуницираат со секаков профил на читатели: стручни, нестручни, љубопитници... буквално секој може да го пронајде својот читателски сензибилитет во овие страници и да дознае за историјата на облекувањето, поточно за костимографијата и модата на овие простори. Како што авторката потенцираше и на промоцијата, на факултетите и школите за мода денес повеќе се насочени кон модата, а не кон историскиот дел на облеката, што е значајна основа. Со оглед на тоа што „Костимот во Македонија...“ ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф и можноста да собере огромна документација од записи и фотографии за облеките во Македонија од појавата на фотографијата, па до денес, го сметам за истражувачки подвиг. Фотомонографијата содржи и фотографии од приватни колекции за да се долови облеката од овие простори. Бев почестена кога Зорка побара фотографија од специфична облека од мајка ми, Сафија Сабит, која цел живот беше дама со стил и од која го наследив чувството за мода. Избрав фотографија на мајка ми во кадифена тоалета извезена со срма и купена во Грција, која ја носела на денот на свадбата. Тоалетата заедно со кадифена пелерина сè уште е во поширокото семејство и ги носат сите нови невести.

 

2. Лидија Георгиева, професорка и модна дизајнерка

Продукцијата на изданијата поврзани со креативните индустрии и визуелните уметности е во континуиран пораст. Земајќи го предвид фактот дека живееме во време кога сè помалку се чита, ова се чини по малку и парадоксално. Ваквиот вид литература за историјата на костимот, за модниот дизајн и облеката, претежно достапна и интересна за модните дизајнери, костимографите и етнолозите, сметам дека кај нас го нема одгласот што го заслужува врз пошироката публика, а би требало да биде сосем спротивно. Па, можеби и со таа цел, меѓу другото, се наоѓаме пред еден вреден примерок за историјата на облекувањето на овие простори, кој, збогатен со цртежи, фотографии, но и сликовити извадоци од романот „Крпен живот“ на Стале Попов, со ретко привидна леснотија ги документира нашиот костим и нашите обичаи преку облеката... „Kостимот во Mакедонија од појавата на фотографијата до денес“ не е само уште една историја на костимот и облеката туку претставува и вреден пресек и анализа на комплексниот феномен наречен мода и костим.

 

3. Јана Манева-Чупоска, професорка и уметница

Оваа книга претставува значајно дело во македонското издаваштво, бидејќи ваквите наслови и истражувања се дефицитарни на македонската издавачка сцена. Од тој аспект треба да им се даде посебно внимание поради реалната потреба за оставање на траен, пишан и историски белег преку ваквите изданија. Проф. Тодорова Младеновиќ има свој специфичен јазик на пишување и изразување, кој е особено достапен и интересен за целата читателска публика. Но, исто така, како литература е потребна за професионалната фела, за младите и за идните генерации, но и за нас што со години и децении работиме и придонесуваме за сè поголема и квалитетна модна сцена кај нас. Благодарам за честа што и јас сум дел од ова значајно книжевно издание што срдечно го препорачувам на сите што сакаат да дознаат и да научат нешто повеќе за костимот во Македонија, преку различните дадени примери, истражувања и анализи на авторката проф. Тодорова-Младеновиќ.

 

4. Антонија Ристовска, модна креаторка

Г-ѓа Зорка ја доживеав како жена, автор, костимограф, моден дизајнер која ме инспирира и ме воодушеви што активно твори и работи и зад себе остава богатство од направени костими и информации за развојот на модата во Македонија, поткрепена со фотографии. Книга што треба да ја прочита секој што сака да се информира малку повеќе за историјата на модата кај нас. Верувам дека ќе биде од големо значење за многу млади дизајнери.

На момент само почувствував дека во Поглавјето 5, „Модата во Македонија од 1945 г. до денес“, недостигаат имиња на македонски модни дизајнери кои биле инспирирани од македонското културно богатство и македонската традиција и создале креации во кои ги вткајале на свој уникатен и современ начин и со тоа оставаат траен белег на македонската модна сцена, во смисла на поновото време.

 

5. Сани Јаначковска Богдановска, модна новинарка

Во време кога модната сцена во Македонија кубури во својот опстанок поради многу причини, појавата на книгата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ на авторката Тодорова-Младеновиќ се доживува како вреден придонес за артикулирање на вредноста на нашето облековното наследство. Како сублимат и анализа на историјата на облекувањето на овие простори ова четиво несомнено е важно сведоштво за нашиот национален идентитет. Имајќи ги предвид упатеноста и релевантноста, едукацијата и раскошната кариера на Младеновиќ, овој нејзин труд, како хронолошка анализа на културата на облекувањето во Македонија, оваа книга треба да се смета за неизбежна литература за секој што се занимава со модата, но и како задолжителен учебник за секој студент на моден дизајн.

 

6. Илина Ангеловска, сценограф и костимограф

Новата книга на Зорка Тодорова-Младеновиќ, „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“, е важен документ за историјата на костимот, модата и културата на облекувањето. Во земја каде што стручната литература од областа на визуелните уметности е мошне скудна, оваа книга го спојува ткивото на културното наследство со секоја страница. Како што културните и историските влијанија го формирале начинот на облекување, така и костимите многу зборуваат за историјата, идентитетот и креативноста на едно општество. Низ своето прецизно истражување, авторката не само што ги документира модните трендови туку и ги разоткрива сложените нишки на македонската култура, правејќи ја достапна и разбирлива за секој читател.

 

7. Искра Шукарова, професорка и кореограф

Како кореограф, сметам оваа книга е важна литература, која треба да биде изучувана од страна на студентите од нашата катедра за балетска педагогија при ФМУ-УКИМ. Инаку, лично сум горда што и мојата баба Нада Минчева е земена како моден пример во изданието.

 

8. Вики Ристоска-Чадиковска, уредничка на „Приказна“

Познавањето на историјата на облекувањето е важно за културата и за развојот на модата во нашата земја. Книгата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ претставува важно културно наследство што сведочи за еволуцијата на облеката во нашата земја. Оваа книга е убава документација на идентитетот на нашиот народ, затоа што сликовито го доловува влијанието на костимот и неговите промени, како материјално и нематеријално добро. Авторката нуди еден многу важен креативен моден концепт, кој во себе ги документира важноста на народниот костим и неговата еволуција. Со оглед на тоа што во нашата земја недостига ваков тип литература, ова дело ќе биде значајно и како основа за понатамошни анализи, особено на лицата кои професионално ќе се занимаваат со облеката и со културата на облекување.

 

9. Александра Мазнева-Бундалевска, новинарка

Фотомонографијата „Костимот во Македонија“ е мошне важно и значајно дело во областа на модата кај нас, бидејќи дава вистински приказ на развојот на облеката во Македонија, како таа се практицирала во одредени периоди, како се менувала и ги следела светските текови, но ја задржувала автентичноста. Во Македонија отсекогаш се имало чувство за естетика, мода, за убаво, а тоа се гледа и се чита во делото на Тодорова-Младеновиќ, која, освен модата, успева да им го доближи на читателите и историскиот и животниот контекст.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
750 МКД
12,14 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.66 MB