Литература

Со сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“ го одбележуваме Меѓународниот ден на реките

14.03.2024.
Со сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“ го одбележуваме Меѓународниот ден на реките
Со сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“ го одбележуваме Меѓународниот ден на реките

„Рекичето можеби спиеше во моментот кога требаше да тргне, собирајќи сила за тоа што следува, а можеби и забрзано ги собираше омилените камчиња што сакаше да ги понесе со себе. Најважно е што тоа потече... и течеше, течеше, течеше и го најде својот пат.

Стекна нови пријатели, а се сретна и со старите. Промени повеќе форми и виде многу различни предели. Се почувствува слободно и силно.“

Со извадок од книгата за деца „Рекичето што сакаше да порасне“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме Меѓународниот ден на реките (14 април). Оваа сликовница, илустрирана од македонскиот сликар и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма, носи топла порака за растењето и за минливоста на животот. Истовремено има и еколошка порака за грижа за природата и за значењето на реките за животот на нашата планета.

„Рекичето што сакаше да порасне“ е нежна лирска алегорија за дете кое е нестрпливо да порасне. Во својот прв книжевен текст Ана Торма прави симпатична, симболична „замена“ на дете со рекиче и на мајка со река. Така, малите читатели полесно ќе се идентификуваат со приказната и ќе станат свесни дека сè во светот (и животните и растенијата...) е еден вид одраз на луѓето, поточно на растењето, на созревањето и на заминувањето на луѓето, како животен циклус.

– Убавината на оваа книга е тоа што таа е повеќеслојна и има неколку важни пораки – дека сè е менливо и во постојано движење, па дури и кога тоа не е видливо, растењето на секое живо суштество и животниот циклус од раѓање – до смрт, надминувањето на нашите најголеми стравови со поддршката од нашите најблиски, како и едукативниот момент со водниот циклус во природата... При работата на сликовницата беше тешко да се замисли и да се претстави реката како главен лик во приказната, затоа што реката е во постојано движење и постојано се трансформира. Важно беше да се долови севкупното чувство што се провлекува во книгата, дека, освен водата, која постојано ги менува облиците, всушност сè што е живо е во постојан процес на менување – вели илустраторот Костуранов.

Ова е петта книга за деца од Ване Костуранов, во издание на „Арс Ламина“, по „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Мирко Немирко“, со текст на Ана Ѓокиќ (2021).

Сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“, како и другите книги од Костуранов, се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/slikovnici/29540-rekiceto-sto-sakase-da-porasne

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
500 МКД
8,09 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.29 MB