Литература

„Аферата Кристи“- Зад петиците на неверството

11.02.2024.
„Аферата Кристи“- Зад петиците на неверството
„Аферата Кристи“- Зад петиците на неверството

Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова

 

 

„Сакај како да им докажуваш што би изгубиле.“

 

Кој е најзагадочниот заплет што Агата Кристи го напишала? Дали е тоа „Мртво(то) тело во библиотеката“, заверата во „Убиство(то) во Ориент Експрес“ или кобниот викед на Војничкиот Остров во „Не остана ниту еден“? Иако била силен диригент на хартија и одлично ракувала со книжевните предигри, заговорот што до ден денес останува без епилог е нејзиното единаесетдневно исчезнување во 1926 година. 

Кога би ги погледнале фактите, госпоѓа Кристи, дотогаш релативно (не)позната авторка и книжевна мајка на Херкул Поаро, била пронајдена во спа хотел во Хароугејт, пријавена под името на љубовницата на нејзиниот сопруг, пилотот Арчи Кристи. Дури и во обемната автобиографија Кристи се оградувала од спомнување на „инцидентот“ за кој целата Англија се кренала на нозе и биле мобилизирани над 1000 полициски службеници. Дали се срамела од стореното или несвесно се надевала дека овој потег ќе ја издигне во очите на читателите како страдалница, дали бил добро осмислен трик за публицитет или едноставно, доживеала нервен слом? Обожавателите на Кристи постојано ги посетува овој дух од претпоставки и трката да се стигне до вистината.

Една од нив е и Нина де Грамонт, која ни претставува една веројатност за тој Бермудски триаголник на љубовта, неверството и одмаздата, чудна и интересна магнетна зона во која не се знае што е факт, а што фикција, се губи гравитацијата на вообичаена историски поткрепена новела и ја прави повозбудлива потрагата по конечна разрешница. Нина де Грамонт вози по магистрали, но најчесто ,свртува во споредни патчиња, го носи читателот до недоумица: дали да сочувствува со изневерената сопруга или со љубовницата. Во улога на наратор ставена  е перспективата на …. за која разоткривањето и длабинската анамнеза на минатото е еднакво при

Сите го знаеме името на Агата, но дали го знаеме името на љубовницата на нејзиниот сопруг, онаа бесрамница што го растурила нејзиниот прв брак? Претпоставувам не. Зад привлечната и млада Нан О’Дил се влече тешка судбина, одраз на повоениот Лондон, карти кои се листале на ветрот без милост кон вљубеното и излудено срце на Нан. Растргната помеѓу Ирска и Англија, а подоцна и помеѓу Арчи и Финбар, таа намерно влетува во туѓата голема, семејна заграда сѐ со цел да профитира, но, не онака како што повеќето би помислиле.

Апсолутно луда и бизарна приказна, нималку невозможна, која овоплотува долгогодишна теорија на заговор и претпоставки. Во средината на романот се врти без престан иглата на најголемата човечка мистерија-љубовта, онаа сѐ уште неиспитана симетрала која понекогаш носи тага, а другпат еуфорија и радост. Ликовите се пресретнуваат низ интриги и сплетки и секако во кристиев стил, писателката гради приказна во приказна, мистерија со убиство наспроти теоријата на љубовта. 

Што ќе открие ексхумацијата на најозборуваниот заговор на дваесеттиот век во “Аферата Кристи”?

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.63 MB