Литература

Книги за големи и мали за Ноќта на вештерките

31.10.2023.
Книги за големи и мали за Ноќта на вештерките
Книги за големи и мали за Ноќта на вештерките

Црни мачки, лилјаци, вампири, врколаци, трикови, вештерки... Време е за страшните приказни. Некои го сакаат, некои го мразат овој ден, но несомнено „Ноќта на вештерките“ станува светски прифатен „празник“ кој носи многу забава и морничави приказни и за големи и за мали. 

Ако ви се допаѓа жанрот хорор или крими/трилер, ве уверуваме дека ќе ги обожавате овие книги во издание на „Арс Ламина“.

Дали ќе преферирате да ги читате овие приказни сами, уживајќи во уникатниот хорор; или во друштво на пријателите, во затемнета просторија за време на Ноќта на вештерките, зависи само и единствено од вас.

1. „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс

Монтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес. Стари цркви и палати, пронајдени стари ракописи, дневници и приказни, студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија, духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие. Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.

https://www.literatura.mk/klasici-knjizevnosti/28610-grofot-magnus-i-drugi-prikazni-za-duhovi

Грофот Магнус и други приказни за духови

2. „Подоцна“ од Стивен Кинг

По „Сјаење“, „Доктор Сон“, „Кери“, „Тркачот“, „Колку покрваво“ и серијалот „Зелената милја“, пристигна новиот, застрашувачки роман „Подоцна“ од кралот на хоророт – Стивен Кинг, кој е бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“.

Понекогаш растењето значи соочување со твоите демони. Приказната е сместена на почетокот на новиот милениум. Главниот протагонист е едно младо момче, Џејми Конклин, кое живее со својата самохрана мајка Тиа. Џејми посакува да има обично детство, но тој не е обично дете. Има натприродна способност да ги гледа и да разговара со духовите на мртвите луѓе. Духовите мораат вистинито да му одговорат на сите негови прашања.

Според критиката, „Подоцна“ е најдоброто од Стивен Кинг, застрашувачка и емотивна приказна за изгубената невиност и предизвиците што го тестираат нашето чувство за добро и погрешно. Со ехо од неговиот класик „Тоа“, овој роман е моќно и незаборавно истражување на она што е потребно за спротивставување на злото со сите негови лица.

https://www.literatura.mk/horor-roman/32304-podocna

Подоцна

3. „Долината на стравот“ од Артур Конан Дојл

Славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл е авторот на еден од најпознатите книжевни ликови – Шерлок Холмс. 

Во „Долината на стравот“ Шерлок Холмс е заинтригиран и вознемирен кога ќе прими една злокобна кодирана порака: господинот Даглас од дворецот во Бирлстоун е во смртна опасност. Но, пред Холмс да успее да стори нешто, пристигнуваат шокантни вести. Даглас е пронајден мртов. Главата му е разнесена со сачмарка. Скотланд Јард е збунет: дали се работи за самоубиство или за убиство?
Но, според Холмс, нема никакво сомнение дека случајот е убиство, затоа што кодираната порака е испратена од човекот под псевдоним Порлок, еден од агентите на вечниот непријател на Холмс, професорот Моријарти.

„Тоа е Долината на стравот, Долината на смртта. Неискажлив страв од самрак до зори е вгнезден во срцата на луѓето. Почекајте, момче, и самиот ќе се уверите.“

https://www.literatura.mk/klasici-knjizevnosti/11947-dolinata-na-stravot

Долината на стравот

4. Серијалот „Мирабела“ од Хариет Мункастер

Станува збор за книгите „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе ја познаваат, затоа што Мирабела е братучетка на Исидора Мун! Исидора и Мирабела имаа авантури и претходно, но овде првпат таа ќе биде главен лик во новите приказни.

Мирабела е половина вештерка, половина самовила, целосно палава. Мирабела живее со мајка ѝ, која е вештерка, татко ѝ, кој е виленик, и брат ѝ Вилбур. Нејзино милениче е малото виолетово змејче – Виолета. Обожава да прави вештерски магии под месечевата светлина, исто колку што ги обожава и природата и самовилската магија.

Во „Мирабела прави палавости“ на Мирабела ѝ е забрането да ги понесе своето вештерско волшебно стапче и котелот на традиционалниот самовилски собир… но таа не прави секогаш како што ѝ е кажано… всушност, Мирабела баш ужива да прави палавости каде и да оди. Освен тоа, што би можело да тргне наопаку ако направи малкуцка вештерска магија?!

Во „Мирабела ги крши правилата“ ветува дека нема да прави никакви бели во своето училиште за вештерки. Но, часот по правење волшебни напивки тргнува малку наопаку, а часот по летање се претвора во катастрофа. Набрзо, Мирабела запаѓа во голема неволја. Сепак, со помош на другарка ѝ Карлота, можеби ќе успее да ги поправи работите пред да си заминат дома.

https://www.literatura.mk/link/ei3YExsN3V

Мирабела ги крши правилата Мирабела прави палавости

5. „На лов“ од Луси Фоли

„На лов“ е дебитантски криминалистички роман на авторката на интернационалниот бестселер „Списокот со гости“ – Луси Фоли. Инспирацијата за оваа книга е едно зафрлено место во Шкотска, кое ја разгорува нејзината фантазија. 

Инспирацијата за оваа книга е едно зафрлено место во Шкотска, кое ја разгорува нејзината фантазија. Атмосферата на дочекот на Нова година се загрева. Девет добри пријатели ја поминуваат вечерта разменувајќи приказни и сеќавајќи се на заборавените спомени. А сепак, дружината е потајно свесна дека веќе не ги поврзува ништо освен заедничкото минато, длабоките стари рани и тајни, доволно непријатни што со леснотија би можеле да го разорат нивното пријателство. Кога часовникот отчукува полноќ, а поседот ја фаќа силна снежна бура, во снегот осамнува изобличено тело. Дружината е заробена на поседот, а се упатува на убиство. Никој не може да дојде. Но, никој не може ни да замине. Дури ни убиецот.

https://www.literatura.mk/krimitriler/32753-na-lov

„Списокот со гости“ е најдобриот трилер според „Гудридс“ за 2020 година и бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ и се продаде во над два милиона копии во светот. 

Приказната се случува на остров крај брегот на Ирска, каде што се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран.

Но, совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, почнува забавата, а со многубројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица.

И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

https://www.literatura.mk/krimitriler/26518-spisokot-so-gosti

 

На лов Списокот со гости

Сите книги кои ги препорачуваме за „Ноќта на вештерките“ можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн преку следниот линк: https://www.literatura.mk/knigi/nok_na_veshterkite

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.88 MB