Литература

„Како да правите ништо“ – водич за фокусирање на нашето внимание на реалниот свет

19.10.2023.
„Како да правите ништо“ – водич за фокусирање на нашето внимание на реалниот свет
„Како да правите ништо“ – водич за фокусирање на нашето внимание на реалниот свет

Нашите уреди ни го крадат вниманието. Треба да си го вратиме назад.

 

Правењето ништо може да ти го спаси животот. Каква фраза во манијакално-продуктивни времиња! Идејата за правење ништо сигурно ќе предизвика непријатност кај луѓето кои ги вреднуваат кариеризмот и респектабилното живеење или, пак, се стремат кон социјално прифатена извонредност.

Во нејзината исклучително апликативна книга, „Како да правите ништо: како да се одолее на економијата на вниманието“, Џени Одел дава конкретни насоки како да се исклучиме од нашите уреди и социјални медиуми и да се поврземе со светот на поличен, поестетски и покооперативен начин. Книгата е дело на социјално освестен писател кој има силен фокус на богатата разновидност на светот како противотров на производите, технологиите и платформите што создаваат зависност.

Нејзиниот концепт за правење ништо е истовремено и еден вид политичка идеологија, духовна практика, морален императив и естетска реконцепција на светот каков што може да биде кога вниманието не се монетизира, не се вооружува и не се атомизира. Тоа е форма на ослободување што не се врамува во директен антагонизам со нешто друго толку многу, колку што повикува на радикално рефокусирање на вниманието на светот околу нас.

За да објасни зошто треба повторно да го фокусираме нашето внимание, Одел ја забележува тензијата помеѓу поврзувањето преку интернет и исклучувањето во реалниот свет. Имаме тенденција да останеме премногу онлајн, сугерира таа, бидејќи дигиталните платформи се структурирани да нè одржуваат поврзани за сопствен профит. Неопходно е да се избега за да се вклучиме во чувствителна, вистинска човечка интеракција. Иако ова не се нужно нови забелешки, вреди да се повтори дека, и покрај сето социјално единство и неединство што го промовираат социјалните медиуми, профитот е причината поради која постојат повеќето од нив.

Одел во својата книга се осврнува на погубните ефекти на социјалните медиуми врз вниманието. Таа објаснува дека „Фејсбук“ и „Твитер“ привлекуваат и убиваат фокусирано внимание со елиминирање на контекстот. Социјалните медиуми, пишува таа, ги фрлаат корисниците во празнина составена исклучиво од сегашноста, каде што нашиот фокус се пренасочува толку често што, перверзно, станува едно од единствените места – понекогаш единственото – каде што можеме да се фокусираме повеќе. Но, на тоа место му недостига контекст и хуманост и, според тоа, одржливо значење.

Имајќи го предвид сето ова, како може правењето ништо да не го реши овој огромен и сложен општествен, културен – и политички – проблем? Таа гледа потреба од своевидно решение на Диоген: бидете ангажирани, но разделени. Мораме да бидеме способни „да размислуваме и да учествуваме, да заминеме и секогаш да се враќаме таму каде што сме потребни“, пишува таа. Таа го нарекува ова „поставување одвоено“. „Да бидеш поставен одвоено значи да се прифати гледиште­то на некој однадвор без да се заминува, секогаш да се биде ори­ентиран кон она што ти би требало да го оставиш. Тоа значи да не бегате од вашиот непријател, туку да го познавате вашиот не­пријател, за кој се покажа дека не е светот – contemptus mundi – туку се каналите преку кои секојдневно се среќавате со него“, забележува таа.

Поставувајќи се одвоено, секој може повторно да го фокусира вниманието на светот, да ги ублажи неговите социјални поделби и нееднаквост, да го слушне и да го види во сета негова чудност и богатство. Да се прави ништо навистина значи да се прави нешто: живеење во согласност со природата, заедницата и внимателно набљудување на светот. „Кога ги отвораме пукнатините во бетонот“, пишува Одел, „се соочуваме со самиот живот – ништо помалку и ништо повеќе“, пишува таа.

Книгата „Како да правите ништо“ од Џени Одел е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“, и е достапен во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/samopomos-i-soveti/39821-kako-da-pravite-nisto

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
24.
Aug.
Литература
Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во...
15.
Aug.
Литература
Ја нарекуваат современата Агата Кристи. Нејзините романи се напнати, интригантни, паметни и заплеткани, но напишани на читлив јазик. 
14.
Aug.
Литература
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ,...
12.
Aug.
Литература
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ра...
10.
Aug.
Литература
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, ...
09.
Aug.
Литература
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, к...
08.
Aug.
Литература
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.64 MB