Литература

Литература

“Едно лето во Италија”-Книжевна разгледница од Позитано
29.
Jul
Покрај тоа што е забавна романтична траги-комедија и успешно се вклопени моменти од популарната психологија, во голема мера „Едно лето во Италија“ е вистински туристички информатор, веродостојно предаден патепис за волшебното Позитано, точката во која кристалното небо и азурното море водат љубов над куќите со шарени фасади.
„...бргу, бегај, бегаме, земјотрес“ - со  извадок од романот „Вкусот на праските“ од Влада Урошевиќ се сеќаваме на 26.07.1963
26.
Jul
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна и попроѕирна, трчаа со секој миг сè појасни и пореални, трчаа испливувајќи од измаглината за да застанат одеднаш пред некоја глетка. Крвта насекаде беше покриена со танок бел превез на малтерната прав.
„Арс Ламина“ ги објави најпродаваните изданија за 2023 година
04.
Jan
Новата книга од Зоран Спасов-Ѕоф, „Цепај сине“, е најпродаван наслов во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во 2023 година.
„Арс Ламина“ додели признанија за најдобрите за 2023 година
28.
Dec
Издавачката куќа „Арс Ламина“, на својот годинашен настан што традиционално го одржува секоја година за своите вработени, автори и соработници, ги прогласи најдобрите во 2023 година. „Арс Ламина“ им додели признанија на Влада Урошевиќ, Наталија Лукомска, Горјан Петревски и Зоран Спасов-Ѕоф.
„Аферата Кристи“- Зад петиците на неверството
11.
Feb
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова: Сите го знаеме името на Агата, но дали го знаеме името на љубовницата на нејзиниот сопруг, онаа бесрамница што го растурила нејзиниот прв брак? Претпоставувам не.
„Брачниот портрет“- Аберации на љубовта
18.
Dec
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова   Доколку ве интригираат духовите кои останале затворени зад тешките порти на дворците, нераскажаните приказни распнати помеѓу луксузот и несреќата, тајните исшепотени од послугата и слушнати само од ѕидовите и мртовците, тогаш прошетајте низ секоја педа од темниот акварел на „Брачниот портрет“.
„Вистините во кои веруваме“ – патот на Камала Харис од дете на имигранти до кандидатка за прва претседателка на САД
24.
Jul
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за мемоари во кои таа зборува за предизвиците со кои се соочувала како дете на имигранти, но и на патот до силен играч на политичката сцена.
„Враќањето на Шерлок Холмс“-Нервот на детективскиот роман
04.
Jul
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш, но можеби најсилно во своето творештво ја докажува уникатноста на неговите идеи кои се косат со логиката, па и менталната гравитација.
„Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ – за деца кои сакаат предизвици и загатки
14.
Aug
За сите деца кои сакаат предизвици и логички загатки, ги препорачуваме книгите од серијалот „Загадочни приказни“ од српскиот автор Урош Петровиќ, кои на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
„Зелениот дворец“ од Сибо во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
11.
Mar
Лауреатот на „Пегаз“, кој е во издание на „Арс Ламина“, е меѓу петте кандидати за победник на 25. издание на наградата во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“
„Земјотрес, ова мора да е земјотрес, се свести“ - извадок од романот „Деса“ од Ивана Трајаноска
26.
Jul
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, без нивните цветни шарени фустани, ненагиздани, изгледаа мали, ситни, немоќни, пребледени од страв во лицата...
„Како да правите ништо“ – водич за фокусирање на нашето внимание на реалниот свет
19.
Oct
Во „Како да правите ништо: како да се одолее на економијата на вниманието“, Џени Одел дава конкретни насоки како да се исклучиме од нашите уреди и да се поврземе со светот на поличен, поестетски и покооперативен начин.
„Магијата на приказните“ со најубавите бајки на сите времиња
05.
Apr
Магијата на приказните е безгранична! Приказните ги учат децата на сите животни лекции. Им помагаат да сознаат што е добро, а што е лошо, како си ги распознаат своите емоции, како да постапуваат во различни ситуации... Приказните, исто така, ги потсетуваат возрасните на најдобрите човечки особини. Дали вие имате омилен лик или некој со кој се идентификувате? Дали сакате да откриете во која бајка припаѓате?
„Мојата мрачна Ванеса” - Чекот на грешките
07.
Aug
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, “Мојата мрачна Ванеса” е прогонувачки роман за фалсификуваните сеќавања.
„Нека снежи“-Снежен пресек на магијата, љубовта и празниците
22.
Jan
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова Необично ко-авторство, книга која е напишана засебно, а се надоврзува од дел во дел. Секој автор ја претставува својата приказна и главните ликови на читателот, речиси како низ неа да прострујуваат трите духа на Дикенсовата „Божиќна приказна“. Лесно и предвидливо се застапени стеротипите кои овие празници ги носат со себе: волнени чорапи, топло чоколадо и многу љубов во воздухот. „Нека снежи“ е забавна триделна новела што ја користи моќта на писателот да влегува во побараната улога, менувајќи го по потреба стилот и преферираниот жанр. Ја препорачувам и како тинејџерско четиво за малку повозрасни тинејџери. Книгата е исчистена од вулгарности и провокативни сцени кои често знаат да го обезличат прочитаното и да бидат „возрасно несоодветни“, па застануваат како коска в грло.
„Резерва“ – најпродавана публицистичка книга во историјата
15.
Sep
На денешен ден, 15 септември, во 1984 година е роден Хенри Чарлс Алберт Дејвид, познат како принцот Хари. 
„СЕДУМТЕ МАЖИ НА ЕВЕЛИН ХУГО
26.
Oct
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова Седум мажи, седум света. Со еден ја споила користољубивоста, од друг добивала удари, со трет искусила исконска љубов, четвртиот го изиграла за сопствени цели, петтиот бил се' што една жена бара во сопруг, пред се' да биде нејзин пријател, шестиот е лепилото на листата, а седмиот параван пред среќното засекогаш. Универзум на карактери, кога иронично од денешен аспект на родоправо општество, ја граделе мажите.
„Семејни тајни“ од Лијан Моријарти е нов возбудлив трилер што отвора морални дилеми
01.
Jul
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со Анет Бенинг, Сем Нил, Џејк Лејси и Алисон Бри во главните улоги. Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“, „Три желби“ и „Последната годишнина“, Лијан Моријарти.
„Силвервју“ – последниот роман на книжевниот гигант Џон Ле Каре
09.
Nov
„Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството и јавната должност и личниот морал.
„СПИСОКОТ ЗА ЧИТАЊЕ“ – РОМАН ЗА ТРАНСФОРМАТИВНАТА МОЌ НА КНИГИТЕ
28.
Sep
„Списокот за читање“ е приказна за двајца осамени луѓе чија заедничка карактеристика е, иронично, што ниту едниот ниту другиот немаат никаков интерес за читање.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.06 MB