Филм

Препорака за филм според книга: „Повикот на дивината“ е авантуристичко патување назад кон природата

25.01.2025.
Препорака за филм според книга: „Повикот на дивината“ е авантуристичко патување назад кон природата
Препорака за филм според книга: „Повикот на дивината“ е авантуристичко патување назад кон природата

Книжевниот класик на Џек Лондон „Повикот на дивината“ доби возбудлива филмска адаптација, со Харисон Форд во главната улога. Филмот е во режија на Крис Сандерс, а адаптацијата на сценариото ја направи Мајкл Грин.

Романот, кој е дел од листата со лектири за основно образование, е издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во рамките на едицијата „Лесно читливи лектири“.

Оваа приказна, еднакво интересна за децата и возрасните, ги следи авантурите на кучето Бак и неговиот пат од цивилизацијата до дивината. Тој е половина бернардинец, половина шкотски овчар. Живее удобен и мирен живот, како милениче во имот на големопоседник, но еден ден ќе биде украден и продаден на трговец со кучиња. Наскоро се наоѓа на брод што патува за Канада, во екот на златната грозница. Инстинктите на Бак почнуваат да се будат додека работи во поштенска запрега и е принуден да се бори за опстанок. Откако е продаден на група Американци во потрага по злато, Бак е спасен од Џон Тортон, со кого се спријателува. И покрај силната приврзаност што ја чувствува кон човекот, повикот на дивината е премногу силен. Не можејќи да му одолее, тој тргнува на патување низ неистражените краишта на дивината во потрага по исконските закони на својата природа.

„Повикот на дивината“ го истражува неизбежниот повик на инстинктите што го повикуваат Бак надвор од цивилизацијата кон природата и законите на дивината. Покрај оваа адаптација, има уште еден успешен филм од 1972 година, со Чарлтон Хестон во улогата на Џон Тортон.


Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

01.
Feb.
Филм
Возбудливата историска приказна од интернационалниот бестселер „Минхен“ од Роберт Херис е подлошка за филмот „Минхен: Работ на војната&ldqu...
18.
Jan.
Филм
Хит-книгата „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд е инспирација за ТВ-серијата со десет продолженија на „Амазон прајм видео“...
28.
Sep.
Филм
Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови. Тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.5 MB