Филм

Кенет Брана сними нов филм по крими-романот Смрт на Нил од Агата Кристи

13.01.2022.
Кенет Брана сними нов филм по крими-романот Смрт на Нил од Агата Кристи

По адаптацијата на култниот роман од Агата Кристи „Убиство во Ориент експрес“ во 2017 година, британскиот актер и режисер Кенет Брана ја филмува и приказната од книгата „Смрт на Нил“. Новата филмска верзија на крими-романот од 1937 година ќе биде премиерно прикажана во февруари оваа година. И во новата верзија Брана, покрај режијата, се јавува во главната улога, како култниот детектив Херкул Поаро. Филмот требаше да биде снимен до 2020 година, но неговата премиера беше одложена и закажана за 2022 година. И во оваа адаптација на едно место е собрана ѕвездена актерска екипа: Анет Бенинг, Гал Гадот, Арми Хамер, Расел Бренд, Али Фазал, Роуз Лесли, Ема Маки и други.

„Смрт на Нил“ е еден од најпознатите романи од Агата Кристи. Книгата беше реобјавена како дел од колекционерската едиција, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја публикува по повод стогодишнината од почетокот на творештво на Кристи. Во серијалот има 12 наслови, поделени во два сета. Во првиот се: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“, а во вториот: „По погребот“, „Завеса: последниот случај на Поаро“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, „И не остана ниту еден“ и „Златната топка и други раскази“. Романите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на https://www.literatura.mk.

Во„Смрт на Нил“, на една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како танцува со својот свршеник Сајмон Дојл, а силен впечаток му остава нејзиниот вљубен поглед во него. Следниот ден Жаклин оди во посета кај блиската пријателка и богата наследничка Линет Риџвеј во надеж дека таа ќе му понуди работа на Сајмон. По само три месеци, Сајмон ја прекинува свршувачката со Жаклин и стапува во брак со Линет. Нововенчаната двојка заминува на меден месец во Египет, каде што истовремено се наоѓа и Поаро. Во хотелот каде што се сместени сите, тој посведочува една немила средба помеѓу двојката Дојл и Жаклин, по што му приоѓа Линет и му се доверува дека откако се венчале со Сајмон, Жаклин де Болфор постојано ги следи во чекор, нешто што за нив станува неподносливо. Иако свесен дека нема да постигне многу, Поаро се обидува да ја вразуми Жаклин да престане да ги прогонува, велејќи ѝ да не си го отвора срцето пред злото. Таа не го слуша, туку напротив, му вели дека постојано фантазира за тоа како ја убива Линет. Случајот добива трагичен тек кога за време на крстосувањето по реката Нил се случува убиство, но тука е Херкул Поаро за да го реши. Романот „Смрт на Нил“, објавен во 1937 година, во истиот миг станува бестселер. Се работи за роман што ја обработува темата на љубовниот триаголник, како и љубомората и предавството, па така станува и еден од најомилените на публиката. Ова дело на Агата Кристи било адаптирано за театарската сцена, а исто така има и неколку филмувани верзии, како и адаптација за радиодрама на каналот Би-би-си 4.

Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14486

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.67 MB