Култура

Возбудлива детективска авантура со сестрата на Шерлок  - Енола Холмс

03.08.2024.
Возбудлива детективска авантура со сестрата на Шерлок  - Енола Холмс
Возбудлива детективска авантура со сестрата на Шерлок  - Енола Холмс

Вљубениците во детективските авантури и книгите за Шерлок Холмс, без сомневање ќе уживаат во возбудливиот серијал за деца и млади - „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од авторката Ненси Спрингер. И самата фан на книгите на Артур Конан Дојл за Шерлок Холмс, Спрингер ја продолжува приказната, креирајќи нов лик, кој со својата интелигенција, харизма и лукавост, потсетува на својот брат. Но, истовремено Енола е многу блиска и со темпераментот и динамиката на новите генерации.

Бестселер-романите за најпознатата тинејџерка – детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс се инспирација за популарните филмови на стриминг-сервисот „Нетфликс“ -  „Енола Холмс 1“  (2020) и „Енола Холмс 2“ (2022). Наскоро се очекува да биде промовиран и третиот филм.

Во главните улоги се: харизматичната  Мили Боби Браун - која ја игра Енола Холмс, Хенри Кавил - како Шерлок Холмс и Хелена Бонам Картер (мајката на Енола Холмс). Во  улогата на Мајкрофт  Холмс, во првиот дел се јавува Сем Клафин.  Филмовите се во режија на Хари Бредбир, а сценаријата на Џек Торн.  Првиот филм ја следи приказната од првата книга  - „Исчезнатиот маркиз“, додека вториот филм има сценаристички отстапки од книгите и се вметнати елементи од историски настани, како што е Штрајкот на девојките вработени во фабриките за кибрит,  што се случил во 1888 во Лондон. Следејќи ги стапките на својот постар брат Шерлок, Енола отвора своја детективска агенција. Нејзиниот прв случај е поврзан со исчезнување на една девојка, по име Сара, од фабрика за кибрити. Енола ѝ помага на сестрата на Сара, да ја разоткрие мистеријата....

Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за книгите: „Исчезнатиот маркиз“, „Левораката дама“, „Бизарните букети“, „Необичното розово ладало“, „Шифрираната кринолина“ и „Циганското збогување“, кои се достапни во сите поголеми книжарници.

Романите се совршени за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистериите. Главната протагонистка на книгите и филмовите е 14-годишната Енола Холмс, екстремно интелигентна тинејџерка-детектив.

„Исчезнатиот маркиз“

„Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“. Кога Енола ќе открие дека мајка ѝ е исчезната, таа веднаш тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и од сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ѝ го објаснат чудното исчезнување на мајка ѝ. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

„Левораката дама“

Во втората книга од серијалот, „Левораката дама“, Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ѝ е, ни помалку ни повеќе, нејзиниот постар брат Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му се измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на леди Сесили, што ѝ оставаат силен впечаток. Но, леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

 

 

„Бизарните букети“

Во „Бизарните букети“ д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс – бизарен букет пратен во домот на д-р Вотсон, што само таа забележува, означува смрт. Енола мора колку што е можно побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.

 

„Необичното розово ладало“

Во „Необичното розово ладало“ Енола е во шок откако добива очајна, но скриена порака од својата познајничка леди Сесили: мора да ѝ помогне, ама не знае како. Овој комплициран случај – во чијшто центар се наоѓа едно необично, розово ладало – ја принудува Енола да истражува низ целиот Лондон, за да сфати конечно: леди Сесили е заробеничка! За случајот, исто така, заинтересиран е и нејзиниот постар брат, Шерлок. Дали Енола може да му верува? И дали може да ја спаси Сесили навреме?

 

„Шифрираната кринолина“

Г-ѓа Флоренс Најтингел ѝ доверува тајна порака за „Птицата“ на г-ѓа Тапер, глувата газдарица на Енола, којашто ја сошива во својата старинска кринолина, без да доразбере за што точно станува збор. Исчезнувањето на г-ѓа Тапер ја оживува и шифрираната порака. Енола успева да ги поврзе нишките и да ја одгатне пораката низ вистинска „текстилна“ авантура, навезена, сплетена и исткаена со букви...

 

„Циганското збогување“

„Циганското збогување“ е шестата и последна книга од серијалот. Енола го измислува д-р Рагостин и себеси се наименува првин за негова секретарка, а потоа и асистентка. Токму од нивната измислена канцеларија почнува возбудливата авантура за пронаоѓање и спасување на исчезнатата војвотка Бланшфлур. Барајќи ја војвотката, Енола ја пронаоѓа и вистината за својата мајка – Јудорија Вернет Холмс. Мошне трогателно збогувајќи се со мајка си, Енола успева да ја врати лејди Бланшфлур дома, но и да се зближи со своите браќа – Шерлок и Мајкрофт.

Романите за Енола Холмс се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

 

https://www.literatura.mk/link/Fp9lum68Xx

 

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
280 МКД
4,53 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
280 МКД
4,53 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Aug.
Култура
Овој викенд ја препорачуваме новата возбудлива екранизација на една од најинтересните приказни на Кристи – „Смрт на...
26.
Jul.
Култура
Волшебниот книжевен серијал со приказни за еднорози и магија, но и за пријателството е инспирација за популарната анимирана серија за деца, „Академија ...
20.
Jul.
Култура
Јаболкaтa никогаш не паѓаат далеку од дрвото... Со ова поговорка совршено се објаснува дејството на романот „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти. Н...
28.
Mar.
Музика
Пијаното и музиката често се инспирација за книжевноста. Многу познати наслови произлегле од оваа синергија меѓу двете уметности. Разликата меѓу музиката и к...
10.
Mar.
Култура
Во 2018 година, по повод стогодишнината од раѓањето на Бернштајн, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави неговата биографија...
04.
Oct.
Култура
Остави го светот зад себе е новиот трилер на „Нетфликс“, адаптација од романот на Румаан Алам од 2020 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.57 MB