Акции

„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“

16.08.2024.
„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“
„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“

Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто, како и подароци за купени производи од големиот избор на школски материјали.

Продажната акција „Време е за училиште“ ќе трае од 16 август до 14 септември 2024 година во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и онлајн на www.literatura.mk.

Во акцијата има и неколку атрактивни понуди со подароци:

- За сметка над 3990 денари следува подарок ранец „Хари Потер“.

- Со сметка од 1890 денари како подарок ќе добиете креативен сет со „Хари Потер“ или со „Paw Patrol“.

- За сметка од 1190 денари следува подарок зимско капче „Хари Потер“.

Овие специјални понуди важат за сметка од купен училиштен прибор од брендовите: „Herschel“, „POLO“, „Funko“, „Cerda“, „Giotto“, „Faber-Castell“, „Giovas“, „Staedtler“, „Statovac“ и други. Овој дел од акцијата важи во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“, „Ист гејт мол“ и во „Дајмонд мол“.

За купен комплет вежбанки и збирки за едно одделение, во издание на „Арс Ламина“, следува подарок – сет маркери „Марвел“ или „Барби“.

Станува збор за следните наслови наменети за учениците од основните училишта:

- Во комплет за прво одделение се вежбанките: „Македонски јазик 1“ (со тестови), „Математика 1“, „Општество 1“, „Природни науки 1“, како и вежбанката и тетратката за почетно пишување.

- За второ одделение – вежбанките: „Македонски јазик 2“ (со тестови), „Математика 2“, „Општество 2“ и „Природни науки 2“.

- Во понудата за трето одделение се вежбанките: „Македонски јазик 3“ (со тестови), „Математика 3“, „Општество 3“ и „Природни науки 3“, „Мојата вежбанка за именки“.

- Во комплетот за четврто одделение застапени се: „Музичко образование за 4 одд.“, „Македонски јазик 4“ (со тестови), „Математика 4“, „Општество 4“ и „Природни науки 4“, „Мојата вежбанка за именки“.

- За учениците од петто одделение во понуда се: „Музичко образование за 5 одд.“, „Македонски јазик 5“ (со тестови), „Математика 5“, „Општество 5“ и „Природни науки 5“, „Мојата вежбанка за именки“.

- За шесто одделение се: „English 6, Practice book“,  „Македонски јазик 6“ (со тестови), вежбанката „Музичка работилница 6“, прирачникот „Природни науки 6“ и „Вежбанката по природни науки 6“.

- Во листата со изданија за седмо одделение се: „Збирка задачи со тестови по математика“, „English 7, Practice book“, „Македонски јазик 7“ (вежбанка со тестови), вежбанката „Музичка работилница 7“, „Биологија 7: збирка прашања и задачи со тестови и активности за 7 одделение“. За осмо одделение:  „English 8 Practice book“, „Македонски јазик 8: вежбанка со тестови за осмо одделение“, вежбанката „Музичка работилница 8“, збирката „Биологија 8“. И за деветто одделение се следните изданија: „English 9: practice book“, „Музичка работилница 9“, збирките прашања и задачи со тестови и активности – „Биологија 9“, „Македонски јазик 9“, „Физика за деветто одделение“ и „Математика 9 одделение“.

- За една купена вежбанка или збирка од оваа понуда на „Арс Ламина“ следува едукативен постер. Со секоја купена А5 тетратка и тетратка со тврд повез од брендот „Skriptie“ ќе добиете уште една гратис.

Специјалните понуди и попустите не се комбинираат. Подароците се во ограничени количества и акцијата важи до исцрпување на резервите.

Во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн, на www.literatura.mk може да се најде сѐ што им е потребно на учениците за новата учебна година, од гуми до глобуси: ранци, тетратки, школски прибор, едукативни помагала, дидактички прибор, тетратки за почетно пишување, материјали за ликовно, моливи, боички, фломастери, креативни изработки, забавно-едукативни изданија, книги со активности, читанки и лесно читливи лектири. На листата се и збирки задачи по математика, физика, вежбанки за општество, природни науки, македонски јазик и музичко, за основните и за средните училишта.

 

Ве очекуваме!

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
4.295 МКД
69,50 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
1.280 МКД
20,71 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
1.140 МКД
18,45 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
5.775 МКД
93,45 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
2.595 МКД
41,99 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
5.295 МКД
85,68 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
1.995 МКД
32,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
06.
Feb.
Акции
Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 фев...
27.
Jan.
Акции
Обележете во вашите календари: 28 јануари е Меѓународен ден на лего-коцките, а 29 јануари е Меѓународен ден на сложувалките! Во таа чест ви обезбедивме 20% п...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.68 MB