Акции

Илјадници книги на попуст на четвртото издание на „Денови на литературата“

06.02.2024.
Илјадници книги на попуст на четвртото издание на „Денови на литературата“
Илјадници книги на попуст на четвртото издание на „Денови на литературата“

Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 февруари. Попустите важат и за книгите кои се достапни на е-продавницата, на следниот линк https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti.

Во акцијата се вклучени илјадници книги од голем број македонски издавачки куќи: изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Збор“, „Или-или“, „Култура“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Слово“ „Три“ и „Чудна шума“.
 
Каталогот со дел од книгите можете да го разгледате на следниот линк:
https://bit.ly/denovi-na-literaturata

На попуст од 60% може да се најдат серија книги: „Полскиот боксер“, „PR Љубовна приказна“ од Александар Илиќ, „Барби од подрумот“ од Маша Колановиќ и мноштво други.

Со 50% попуст меѓу серијата наслови достапни се книгите „На работ од паметот“ Мирослав Крлежа, „Ветената земја“ од Владислав Рејмонт, „Пред западни очи“ од Џозеф Конрад, „Со оган и со меч“ од Хенрик Шенкевич.

На 40% попуст може да се купат книгите „Денот кога не се разбудив“ од  Моџо Килингтон, „Младите стихови на стариот поет“ од Гето Руди, „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска, „Езеро“ од Тадеј Голоб, „Трчај мали трчај“ Ники Круз, Џејми Бакинхам, „Никогаш не откажувај се“ од Елизабет Годард и други.

„Дејзи Џонс енд д Сикс“ од  Тејлор Џенкинс Рејд, „Доктор Сон“ од Стивен Кинг, „Ветената земја“ од Барак Обама, „Баудолино“ од Умберто Еко, „Истанбул Истанбул“ од Бурхан Сонмез, „Боја во сето сиво“, „Последната камелија“ од Сара Џио, „Сагата за Рајна“ од Оља Петрушевска-Томева и стотина други наслови се со 30% пониски цени.         

За време на акцијата читатели можат да купат многубројни наслови од едицијата „Македонски книжевни класици“ од великаните Петре М. Андреевски, Блаже Коневски, Гане Тодоровски, Ѓорѓи Абаџиев, Живко Чинго и Димитар Солев со попусти до 28%.

На попуст од 30% може да се најдат серија наслови од Ернест Хемингвеј, од Агата Кристи, Милан Кундера, Габриел Гарсија Маркес, како и книгите за Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл.

Со намалување од 20% се книгите: „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Лилјакот“ од Ју Несбе, „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас, „Палатата со магнолии“ од Фиона Дејвис, „Храбри наместо совршени“ од Решна Садхани, „Среќа за почетници“ од Кетрин Сентер, „Полиглотот“ од Игор Станојоски, „Птици во аквариум“ од Лидија К. Дракулевска и Влада Урошевиќ, „Почнуваме од крајот“ од Крис Витакер, „Бородинската битка“ од Александар Микабериџ, „Проклета авлија“ од Иво Андриќ“ и повеќе од илјада други наслови.
 
Дополнително сите изданија на англиски јазик во понудата на „Литература.мк“ се со намалување од 10%.

Во времетраењето на попустите, во сите книжарници на „Литература.мк“, со купени книги од „Арс Ламина“ во вредност од над 1.000 денари купувачите добиваат вредносен ваучер за следно купување. Ваучерот не важи за онлајн-нарачки.
 
„Денови на литературата“ освен со попусти ќе бидат исполнети и со богата програма од низа промотивни и едукативни, како и музички настан.
На 7 февруари (среда) во 19:00 часот, во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ ќе се одржи промоција на „Гени, мени, сени“, новата книга на Владимир Лукаш.

Следниот ден на 8 февруари (четврток), во Café Literatura во „Скопје сити мол“, авторите Мартин Јовановски, Билјана Велковска и Христина Стефановска ќе дискутираат на тема „Книгите во служба на менталното здравје“ со осврт на своите книги „Зошто јас“, „Умешноста на лутината“, како и интерактивните психолошки прирачници за деца и возрасни, сите во издание на „Арс Ламина – публикации“.

Работната недела ќе се заврши во Café Literatura во „Скопје сити мол“, со музичко матине со Сара Мејс, на 9 февруари (петок), со почеток во 17 часот. Во репертоарот ќе бидат вклучени дел од најголемите хитови на кралицата на рокенролот, во чест на нејзината автобиографија „Мојата љубовна приказна“, која на македонски јазик ја издаде „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“. Веднаш потоа, во 19 часот ќе почне промоцијата на новата книга на Сашо Кузмановски во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Бахус“, во Café Literatura во „Дајмонд мол“.

Програмата за викендот ќе почне на 10 февруари (сабота), во 13 часот , во Café Literatura во „Скопје сити мол“, со разговор со авторот Петар Андоновски и потпишување на неговите книги од издавачката куќа „Полица“, а попладнето во 18 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на албанскиот превод на книгата „Детето во снегот“ - „FËMIJA NË BORË“ од издавачката куќа „Збор“. В недела, 11 февруари, во 13 часот читателите ќе може да се дружат со авторката Вики Андонова, која ќе ја потпишува нејзината нова книга „Природна нега за вашето дете“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Програмата во втората недела од акцијата почнува на 13 февруари (вторник), во 19 часот во Café Literatura (Дајмонд мол), со промоција на книгата „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, а која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На 14 февруари (среда), 12:30 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, авторот Петар Андоновски ќе одржи втора средба со читателите, а програмата ќе продолжи во 19 часот во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, со промоција на дебитантската книга од  Андреа Мирческа, „Девојката што ја наслика смртта“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На 15 февруари (четврток), во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на две книги од авторката Кристина Краличин во издание на „Чудна шума“, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“.

Петокот, 16 февруари, е резервиран за промотивен настан на едицијата „Порта Европа“, 6 изданија од „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина“). Настанот ќе почне во 19 часто во Café Literatura во „Дајмонд мол“.

Програмата на настани завршува на 17 февруари (сабота) во Café Literatura во „Скопје сити мол“ со „Мастер клас со наградуваниот автор Александар Русјаков“. Настанот е организиран од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Dec.
Акции
Од 14 декември до 12 јануари, започнува големата акција „Одобрено од Дедо Мраз“ во книжарниците на „Литература.мк“ и на www.literatur...
16.
Aug.
Акции
Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 ...
24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB