Со попусти до 50 отсто почнува новогодишното прославување во книжарниците на „Литература.мк“. Во акцијата „Повеќе од подарок“, која ќе трае од 15 декември до 10 јануари, ќе ги најдете најдобрите подароци со специјални новогодишни цени. Книги, декорации за домот, играчки, прибор, украси и други производи од повеќе светски брендови се дел од новогодишните попусти.
Новогодишните празници се посебни моменти и пригоди да ги даруваме нашите блиски личности, како и да си купиме подарок за себе. Овој период од годината е одличен за создавање нови спомени, нови надежи и за посветување на времето на најзначајните и најдрагите моменти.
Пронајдете го идеалниот новогодишен подарок и изненадете ги вашите најблиски, пријателите и соработниците со некои од најбараните книжевни наслови за секоја возраст и од секој жанр, во издание на „Арс Ламина“.
Меѓу листата наслови на попуст можат да се најдат најзначајната италијанска книга за готвење од модерното време од Пелегрино Артузи – „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ за само 350 денари. Изданијата од Габриел Гарсија Маркес, како и серија наслови од најзначајниот турски писател Орхан Памук се со попусти до 50%, а можете и да најдете совршен подарок помеѓу најчитаните романси од Колин Хувер со попусти до 40% и најпознатите наслови од кралот на хоророт Стивен Кинг со намалувања до 30%.
За младите читатели издвоивме 20 наслови од едицијата „Детски класици“ со попусти до 50%, најубавите „Бајки од Македонија“, изданија од серијалот „Енола Холмс“, серијалот ТКЦП, како и многу боенки и книги со активности и новогодишни изданија со големи намалувања.
Со големи намалувања можат да се најдат и производи од огромниот асортиман од гифт-програмата.
Дрвените играчки со светски квалитет од европскиот бренд „Matador“ оваа празнична сезона се со попуст од 40%. Со 30% намалување се омилените колекции на коцки од „Plus-Plus“, а со истиот попуст можат да се најдат и играчките од брендовите „Cogo“ и „Cobi“, како и најзабавните едукативни играчки од италијанскиот бренд „Quercetti“. Сетовите за рачна изработка од „Creativ“, како и најзабавните едукативни играчки од италијанскиот бренд „Quercetti“ и наградуваните играчки од брендот „4М“. Музичките играчки од брендот „Bontempi“ и фигурите со животни под брендот „Animal Planet“, кои се омилени на многу деца, а и возрасни, се намалени за 20%. Најшарените касички од брендот „Pomme pidou“ и сложувалките од светскиот бренд „Eurographics“ се намалени за 20%, а сложувалките од „Bluebird“ се со попуст од 30%.
Најквалитетните стаклени лампиони од брендовите „Alessi“ и „Vondels“ за најубавите новогодишни елки се со намалувања од 20%, а новогодишните декорации од „Fairyglass“ се со попусти од 30%.
Ранци, торби и несесери од „Ferrari“ и глобусите од брендот „Tecnodidattica“ се намалени за 20%.
Попусти има и на огромен асортиман од светските брендови во понудата на „Литература.мк“, како: 40% на италијанскиот бренд „Cerda“, брендот „Fridolin“ и уникатните свеќи од брендот „Candle hand“ се со 30% попуст. Брендовите „Italeri“, „Kikkerland“, „Erik“, „Half moon bay“ и „Locomocean“ се намалени за 20%.
Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“, како и за онлајн-нарачките преку https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti. Најголем избор од гифт-програмата е застапен во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“ и во „Ист гејт мол“ и на е-продавницата www.literatura.mk.
Искористете ги овие празнични денови за да креирате богато празнично искуство исполнето со љубов, здравје и магични моменти. Подароците нека ги збогатат вашите празници. Зашто празниците се наменети за „повеќе од подарок“.