Пристигна „купувачкото лудило“ наречено „Црн петок“ (Black Friday) и во „Литература.мк“, а оваа година во сите книжарници на „Литература.мк“ и на е-продавницата www.literatura.mk ќе трае цела недела, почнувајќи од денеска, 20 ноември (понеделник), па сè до 26 ноември.
Голем број бестселери, книги и сликовници за деца, како и производи од реномирани брендови ќе можат да се купат на попусти до 70 отсто.
Меѓу листата наслови на попуст можат да се најдат „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ и триологијата „Темната граѓа“ со 70% попуст, „Солунска 28 (прв и втор дел) од д-р Неле Карајлиќ, како и „Тошо Малерот – монологија“, најкупуваната книга за млади „Јас сум Миа“ и серијалите за деца „Еднорози“ и „Мачки детективи“ со 65% попуст. На половина цена можат да се најдат бестселерите „Хамнет“, „Дамски гамбит“, „Писатели и љубовници“, сите современи класици од Милан Кундера, како и биографиите на Барак и Мишел Обама. Најсподелуваната книга за 2023 година – „Седумте мажи на Евелин Хуго“, како и серија бестселери за мотивација и самопомош, меѓу кои „Мала книга за хиге“, „Сѐ е за*бано“, „Е баш ме заболе“, „Зен – уметноста на едноставното живеење“ и други се на 40% попуст. А за сите љубители на „Хари Потер“ оваа недела на попуст од 20% ќе бидат седумте книги од серијалот „Хари Потер“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Со големи намалувања можат да се најдат и производи од огромниот асортиман од гифт-програмата.
На 40% попуст се производи за домот и канцеларијата од луксузниот италијански бренд „Baci Milano“, како и од „Lexon“ – производител на безвременски подароци и декорации за секоја пригода и „Fundamental“ – бренд за луксузни предмети инспирирани од математиката во природата. Дел од асортиманот на европскиот лидер за лиценцирани производи за поп-културата „Abysse“ исто така е на 40%, како и производи од „Noble Collection“, официјален лиценциран создавач на филмски реквизити и колекционерски предмети. Широк асортиман на соларни играчки и комплети за соларни модели од брендот „Sol Expert Group“ се исто така со 40% намалување. Во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“ на 40% се и куфери од брендот „BG Berlin“.
Со 30% намалување се омилените колекции на коцки од „Lego“, а со истиот попуст можат да се најдат ранци со највисок квалитет од најпознатите брендови „Herchel“ и „Ykra“, како и ранци од брендот „Polo“. Посетителите на книжарниците, како и на е-продавницата, можат да си набават и уникатни производи за домот од познатиот шпански бренд „Balvi“, како и од водечкиот италијански бренд за функционални и квалитетни производи „Alessi“. Иновативните и модерните производи за дома со дизајн според најновата технологија од „Ginko Design“ се исто така на 30% попуст, а за подарок ве очекуваме со оригинални, забавни и функционални производи од „Suk UK“. Дополнително, оваа недела ќе можете да ги купите лиценцираните колекционерски фигури „Pop!“ од „Funko“, како и ротациските коцки од „V-Cube“ со 30% попуст.
Најпознатите светски макети и игри со далечинско управување од „Revell“ можете да ги набавите со попуст од 20%, а групата намалувања од 20% попуст ја сочинуваат и светскиот бренд за животен стил и подароци „Doyi Design“ и рачно изработени сетови за шах, за табла и друштвени игри со ексклузивни дизајни, висококвалитетни материјали и луксузна изработка од брендот „Manopulos“.
На крајот, во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“ за секој купен производ од брендот „CV Cristal“ ќе добиете уште еден гратис.
Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ како и за онлајн-нарачките преку https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti. Најголем избор од гифт-програмата е застапен во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“ и „Ист гејт мол“ и на е-продавницата www.literatura.mk.