Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (23 ноември), па сѐ до 27 ноември (недела), во книжарниците на „Литература.мк“ ќе има попусти до 70 отсто на книги и 30 отсто на дел од гифт-програмата.
На листата со намалувања се многубројни бестселери, современи класици и книги за деца и млади од издавачката куќа „Арс Ламина“. Има специјална понуда и на книги за возрасни и за деца од 100 и 200 денари.
Со 30% попуст можат да се набават сложувалки од „Блубрд“, ранци од брендовите „Поло“ и „Икра“, како и коцки од „Kоби“. За време на Black Friday има и посебна понуда на еден плус еден производ, од избрани брендови. Имено, при купување на еден производ од брендот за играчки „Енџино“ или од „Серда“ (ранчиња и облека), производот со пониска цена не се наплаќа.
Попустите важат и за онлајн-нарачките на книгите, преку интернет-страницата www.literatura.mk.
Книгите се достапни во сите книжарници. Сложувалките ги има во сите продажни места (освен во „Веро Центар“), додека најголем избор од гифт-програмата е застапен во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“ и „Ист гејт мол“.
Каталогот со попустите можете да го проследите на следниот ЛИНК.