Акции

Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс

22.02.2022.
Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс
Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал.

Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан.

Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“.

Tворбитe инспирирани од Хари Потер ги очекуваме на следната е-адреса: konkurs@arslamina.com.

При конкурирањето, не заборавајте да ни ги напишете и  вашите податоци: име, презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).

Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм.

По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс.

„Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

За сите новости следете ја страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“ https://www.facebook.com/harrypottermkbooks.

Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14804.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Aug.
Акции
Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 ...
24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
06.
Feb.
Акции
Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 фев...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.43 MB