Блог

Претставата „Себастијан и ѕвездите“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

14.04.2025.
Претставата  „Себастијан и ѕвездите“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“
Претставата  „Себастијан и ѕвездите“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

Вчера, на 13 април (недела) со почеток во 14 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа настан посветен на најмладите, кој понуди едукативна и забавна содржина со музичко-сценска изведба.

Настанот ја претстави оригинално создадената приказна за малечките браќа Себастијан и Кристоф, кои секоја вечер играат игри во дворот од нивната куќа и ги набљудуваат ѕвездите. Особено внимание привлече моментот кога браќата ќе ја забележат најсјајната ѕвезда – Голд Стар, која ќе им довери задача да ја пронајдат Музичката кутија и да ја ослободат музиката на Универзумот.

Претставата, инспирирана од делото на Јохан Себастијан Бах, успешно го комбинираше светот на фантазијата со музичката едукација, а публиката имаше можност да ужива во внимателно разработена сценска изведба.

На сцената настапија Тина Иванова и Дијана Имери-Илкоска, кои преку раскажување и интерпретација придонесоа приказната да допре до секој присутен.

Настанот привлече голем интерес и беше одлично прифатен од децата, но и од возрасните кои беа дел од публиката.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Apr.
Блог
Вчера, 12 април (сабота) во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, уживавме во уникатниот настап на Зарина Првасевда
12.
Apr.
Блог
Во интимна атмосфера, пред публика која внимателно го следеше секој збор и движење, актерот Игор Ангелов настапи со монодрамата „Сите најубави нешта&ld...
11.
Apr.
Блог
Вчера, на 10 април (четврток), со почеток во 21 часот, публиката во „Литература.мк“ – „Дајмонд мол“ уживаше настапот на Симеон ...
10.
Apr.
Блог
Книгата „СФ – СН“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана на 9 април ...
09.
Apr.
Блог
Соѕвездие на детските сни“ со илустрации од најубавите сликовници на Ване Костуранов во рамките на фестивалот „Видик“, во „Литература...
06.
Apr.
Блог
Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се случи нешто навистина посебно – претставата „Магичната флејта на Вулф...
06.
Apr.
Блог
Дина Јашари е млада музичаркa, кантавторка, изведувачка, текстописец и продуцентка.
05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.73 MB