Фестивал ВИДИК: Монодрама 'Сите најубави нешта', 11.04.2025

Фестивал ВИДИК: Монодрама 'Сите најубави нешта', 11.04.2025

Шифра на артикл: 099062
Нема на залиха
0 МКД
300 МКД
300 МКД
4,85 EUR
Заштеда: 0 МКД
  • NSZ
    *
Зачувај во листата на желби
Pomoć
Театарска претстава - „Сите најубави нешта“ 11 април (петок), 19 часот Настапува: Игор Ангелов Режија: Дејан Пројковски Монодрамата „Сите најубави нешта“ од еден од најактуелните современи британски автори, Данкан Мекмилан, претставува ведро и духовито патување низ животните лузни на еден човек, кој правејќи го списокот на сите најубави нешта за кои вреди да се живее, театарскиот простор го претвора во утроба од која се раѓа колективната надеж, простор каде што шлаканиците на животот, колективно се трансформираат во нежно милување и тивок шепот дека не сме сами во она што ни се случува, дека се имаме едни со други. Запознавајќи ја публиката со неговото милениче, неговата најголема љубов, неговата фамилија, психичките проблеми на својата мајка и траумите кои доаѓаат со тоа, протагонистот го руши четвртиот ѕид на еден досетлив, скокотлив начин и почнува да ги меша реалноста и фикцијата, потенцирајќи дека сѐ убаво и сѐ лошо што ни се случува е природно, ни припаѓа еднакво на сите, суптилно прелевајќи го животот во театар и обратно. * Присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100. Влезниците се достапни на www.literatura.mk и во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.   Со секоја влезница следува подарок. ЗА ВЛЕЗНИЦИТЕ КУПЕНИ ОНЛАЈН ПОТРЕБНО Е ДА ПРИКАЖЕТЕ ПОТВРДА ЗА НАРАЧКА НА КАСА, КАДЕ ШТО ЌЕ ЈА ДОБИЕТЕ ПЕЧАТЕНАТА ВЛЕЗНИЦА СО ПОДАРОК КОЈА ПОТОА ЈА ПРИЛОЖУВАТЕ НА ВЛЕЗ. ** Средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.
Карактеристика Вредност
Kатегорија Билети за културно уметнички настани

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.

Слични производи

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.89 MB