„Литература.мк“ нуди продажба на влезници за културни, спортски и други настани во Скопје и низ Македонија. Билетите се купуваат во сите книжарници „Литература.мк“ со печатење билет и издавање на фискална сметка.

Влезниците за спортски настани се купуваат со приложена лична карта и едно лице може да купи најмногу четири билети.

За откажани настани рефундацијата на средствата ја прави организаторот на настанот.

* Билетите не можат да се купат во онлајн-продавницата.