Почитувани корисници,
Преку креирање на Ваш личен кориснички профил на literatura.mk ќе можете да вршите нарачки на Вашите
омилени и посакувани книги, но и да ја оценувате и коментирате целокупната понуда на производи достапна
преку нашиот интернет сајт.
Личните податоци кои ги оставате при регистрација на нашата веб страница име, презиме, адреса, контакт
телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да Ви се овозможи електронско
нарачување на Вашите омилени производи, Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и
периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да ја
посетите нашата политика за Заштита на лични податоци –
секција „Кои се Вашите права врз личните податоци“ или можете да го контактирате нашиот офицер за заштита
на лични податоци Христина Шеќероска, 078/365-263,
hristina@arslamina.com
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме Вашето искуство, Вие можете секогаш
да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите
комуникацијата која Literatura.mk ја има со вас.
Процедурата за регистрирање и активирање на Вашиот кориснички профил се одвива во неколку едноставни
чекори и тоа:
На почетната страна на нашата веб страница literatura.mk одберете ја опцијата „Нов корисник“, која се
наоѓа на крајниот десен простор од страницата.
Чекор 1:
На страната за регистрација, задолжително внесете ги вашите лични податоци во соодветните полиња за име, презиме, е-адреса и лозинка. Пред да
преминете на следниот чекор, неопходно е да ја штиклирате опцијата дека се согласувате со општите услови за користење на услугите на веб
страницата, кои можете да ги прочитате кликнувајќи на приложениот линк.
Чекор 2:
На вашата електронска пошта ќе биде испратена електронска порака преку која ќе го потврдите активирањето на вашиот профил. Откако ќе се
најавите на вашата електронска пошта, кликнете на приложениот линк во пристигнатата електронска порака за да го активирате вашиот профил.
Чекор 3:
Потврда: На крајот од целата процедура ќе бидете пренасочени кон страната за потврда на регистрацијата на вашиот кориснички профил на
нашиот портал.