Добредојдовте на Literatura.mk.
Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби. Ве молиме прочитајте ги внимателно.
Literatura.mk
е е-продавница за книги, каде ексклузивно се застапени изданијата на Арс ЛАМИНА (стручна литература) и нејзиниот импринт Арс ЛИБРИС (белетристика). Покрај можноста за купување, преку
Literatura.mk
имате можност и да се информирате, да коментирате и да комуницирате за сите изданија.
Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.
Начините и условите за плаќање и испорака, како и за рекламација на производите,
се опишани во Политика за испорака и Политика за враќање.
Со регистрацијата на Literatura.mk
добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи.
Регистрираните членови на Literatura.mk
се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои ќе бидат застапени содржини поврзани со нашите понудите. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, ве молиме да нè известите.
Вашите лични податоци кои доброволно ни ги оставате со вашата регистрација на Literatura.mk се безбедни и заштитени. Повеќе информации за тоа каков тип на лични податоци се собираат и обработуваат, нивното чување, целите на собирање, Вашите права за личните податоци и останати информации можете да видите во нашата Политиката за заштита на лични податоци.
Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да ја посетите нашата политика за Заштита на лични податоци – секција „Кои се Вашите права врз личните податоци“ или можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Христина Шеќероска, 078/365-263, hristina@arslamina.com
Посетителите на Literatura.mk можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации сè додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети.
Препораки и правила за коментарите:
• Коментарите треба да бидат во согласност со содржината на веб страницата.
• Коментарите треба да го изразуваат личното мислење на корисникот во однос на одредена книга, напишани на културен и разбирлив начин.
• Не се дозволува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник, туку само изразување на сопственото.
• Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, партиска или на религиозна припадност.
• Literatura.mk го задржува правото за необјавување на коментарите што не се во согласност со горенаведените препораки и правила.
Вашето корисничко име и лозинка
Со најавување на нашиот систем, literatura.mk, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја преземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име. Mалолетни лица под 18 годишна возраст немаат право на услугите без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на literatura.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.
Употреба на лични податоци
Примарна цел при прибирање на личните информации е да ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Согласни сте дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:
• Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате;
• Решавање на спорови или решавање на проблеми;
• Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности;
• Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб сајтот;
• Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.
Ограничување од одговорност
Literatura.mk ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб сајтот. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и вие би биле засегнати. Вие се согласувате да го употребувате нашиот веб сајт на сопствен ризик.
Како да платам?
Откако сте избрале дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем ви нуди можност да изберете начин на плаќање. Можете да платите со платежна картичка или со уплатница.
Плаќање со платежна картичка
Сите платежни трансакции на literatura.mk се извршуваат со помош на системот овозможен и поддржан од „Касис-cPay “, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери посветени сме на максимална сигурност и доверливост.
Доколку имате своја платежна картичка едноставно целата трансакција се одвива електронски, сигурно и брзо. Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка пренасочени сте на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.
Се внесуваат потребните податоци како: името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година), бројот на картичката и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на вашата платежна картичка.
Потоа потребно е да потврдите дека сте сигурни дека го купувате производот со јасно назначена цена и добивате потврда за успешно извршената трансакција. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати податоци се енкриптирани.
Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција:
1. Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка;
2. Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши;
3. Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.
4. Доколку веќе го имате проверено горенаведеното и понатаму не можете да ја купите посакуваната понуда, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на „Касис“ , па затоа ве замолуваме да не известите на: info@literatura.mk
Плаќање со уплатница
Доколку немате платежна картичка literatura.mk ви нуди можност да платите и преку уплатница. Оваа опција за плаќање е овозможена само за жители на Република Македонија.
Упатство за плаќање преку уплатница:
1. Откако сте ги ставиле во кошничка производите што сакате да ги купите, кога ќе стигнете до чекорот за избор на начин на плаќање потребно е да изберете плаќање со уплатница. Потоа ќе ви биде прикажана слика на која се внесени податоците што треба да ги внесете на вашата уплатницата.
2. Вашата нарачка ќе биде резервирана во наредните 3 работни дена. Во овој период вие ќе треба да извршите уплата преку општа уплатница.
Напомена: Уплатата ќе биде видлива на нашата сметка следниот работен ден од денот на уплата. Откога ќе извршиме евидентирање на уплатата на нашата сметка, ќе добиете електронска фактура на вашата е-пошта, по што производите ќе ви бидат испорачани на наведената адреса.
Електронска фактура
Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на literatura.mk по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие во просториите на Арс Ламина ДОО СКОПЈЕ.
Со посетата на Literatura.mk се согласувате со овие Општи одредби, политиките спомнати во овие одредби, како и со сите релевантни закони на Република Македонија.
Политики и измени
Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. Literatura.mk го задржува правото да прави промени на веб сајтот, политиките и општите одредби во кое било време.