Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Производство на вино: Од лозје до пазар

Ричард П. Вајн,   Елен М. Харкнес,   Сели Џ. Линтон  




Оригинален наслов на книгата : Winemaking: From grape growing to marketplace
ИСБН : 978-608-229-253-3
Година на издавање : 2011
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1984 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 496
Димензии : 150x233
Корица : тврда



Краток опис

Извонредно по содржина и по опсег, ова дело го опфаќа целиот делокруг на винската култура, вклучително хортикултура на винова лоза, дизајн на винарница, процес на производство, контрола на квалитет, анализи што се прават на готовиот производ и маркетинг. Во текстот се наведени последните научни истражувања од областа, пресликани во едно практично знаење што им станува достапно на лозарите, производителите на вино, едукаторите и на маркетарите за вино.
На едноставен начин и со логична поставеност на содржината, читателот се води низ стапиците и опасностите, соодветните алтернативни решенија и главните извори на опрема и на материјали во винската индустрија. Наведени се важечките прописи, регулативи и дозволи што се наложени од Бирото за алкохол, тутун и за огнено оружје во САД. Овој своевиден водич за производство на вино е наменет за пошироката публика, а особено за сегашните и за идните производители на вино, одличните познавачи на виното, професионалните продавачи и угостители, како и за студентите кои се во потрага по сеопфатен преглед на процесот за приозводство на вино.
Авторите се професори и специјалисти од Катедрата за храна при Универзитетот „Пердју“, Западен Лафајет, Индијана. Ричард П.Вајн е професор по енологија, Елен М.Харкнес е специјалист-енолог, а Сели Џ.Линтон е специјалист за маркетинг.
Имајќи предвид дека Македонија е голем производител на вино, оваа книга е вистинска придобивка за индустријата и убедени сме дека ќе го најде своето место во професионалните лични библиотеки од секоја винарница.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците